вакаф (м.)
Го продаде брашното, сирењето, гравот, волната, житото и другите „дарови" што ги собра в село за свети Илија, си го јавна вакафскиот коњ и си отиде во манастирот да му ги однесе последните пари на егуменот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Нивјето вакафски наполу ги даваме, па луѓето нека вршат таму.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Потчукнав со прстите по бронзата и прошетав со погледот наоколу по вакувскиот простор.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Кога се враќаше од зградата каде што се наоѓала Воената гимназија во која учеле Ататурк и Фетхи-беј Окијар, Татко ги забележа полициските сили, распоредени околу вакафот и џамијата.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Самир Мустафа, откако ги прими првите карти, продолжи: - Во еден битолски вакаф откриле неколку сандаци со стари отомански записи, дефтери...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Забележа и три камиони со церади, паркирани близу вакафот.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
За поправките пак да се користат приходите добиени од споменатите вакафи.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Се наредува случајот претходно да биде испитан: ако старата црква навистина му припаѓала на споменатиот милет, ако во сето тоа не учествуваат и други милети, ако не се наоѓа во исламско маало или атар, ако земјата не е во состав на некој вакаф, и ако за ѕидањето нема никакви други пречки и ако молителите ги обезбедат потребните пари за ѕидање под услов да не бидат надминати споменатите димензии, да не се пречи ѕидањето на споменатата црква, туку да се задоволи молбата.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Во вакафот на една битолска џамија се пронајдени неколку сандаци полни со стари книги и записи од османско време.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Не беа заоставени и неколку заемки и од областа на аграрно- правните односи како: вакаф, задужбина, имот што припаѓа на некоја џамија, а и црква (од арапски vkif); чифлик, чифликсајбија, чифчија, чифлигар, (од турски çiflik, çifliksahibi, çifçi).
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Најмногу има арапски зборови кои означуваат разни звања, професии и титули, како на пример: валија, везир, кадија, кајмакам, калфа, муфтиш, султан и други, или термини во врска со војската и воената опрема како: анџар, арач, аскер, забит, низам, талим или пак во врска со исламот: алах, аџија, вакаф, ездан, еџел, имам, еџел, ислам, куран, курбан, минаре, муфтија, муезин, оџа, рамазан, теќе, тулбе, џамија, џемаат шеријат.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)