валиден прид.

валиден (прид.)

Ако рационалното објаснување не мора да биде она вистинското, туку само едно можно, плаузибилно објаснување, тогаш, “повикувањето на идеологијата при поединечните или заедничките (идеолошки) акции не може да биде валиден доказ за причинско-последичната врска меѓу идеологијата (идеолошкото знаење) и (идеолошката) акција на поединецот”.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Целта на авторот е да се укаже на „проблематичноста на потрагата по определбата на ‘идеологијата воопшто’ “; на различните значења и употреби на поимот „идеологија“ и неговата преголема едноставност; да се претстави „многустраноста и комплексноста на односот на субјективитетот спрема идеологијата и неопределивоста на идеолошката акција на субјективитетот; односно, да се истражи (проблематизира) валидноста на повикувањето на идеологијата во објаснувањето на акциите на поединецот“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Кој можеше да ја замисли валидноста на оваа диплома, во новиот комунистички суд, на овој дел од Балканот?
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тоа е единствената можност да се продолжи со утврдувањето на фактичката положба, се разбира под услов судот да ја прифати вашата пријава како валидна“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кампањата за надомест пропадна наеднаш и без валидно образложение, и божиците на плодноста, коишто избрзаа на оваа основа, останаа беспомошни пред гладната натална принова, колнејќи ги празните ветувања.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Спорот на Кирова настана кога, по враќањето на работа и по приложувањето на ова валидно решение на раководните органи –  веќе следниот работен ден истите носат одлука за прекин на исплатата на регресот за храна.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Она на што најпрво се сети тој беше да се обрати до ССМ, од каде што доби мошне добри правни совети за валидноста на известувањето што го доби, а беше запознаен и подучен за неговите права од работен однос.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но Татко беше помалку поттикнат од етимолошкото потекло на зборот или од неговите слични облици во балканските јазици, отколку од својата лична кадиска диплома, чија валидност мораше да ја докажува во режимите низ кои мина: на Република Турција, на монархија Албанија, и на социјалистичка Југославија...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Меѓутоа, Татко веруваше дека употребата на овие заемки нема конечно да замре зашто тие понатаму беа живо присутни во народната меморија и творештво, во народните говори, во старите документи од кои некои беа валидни и во новото време, како на пример тапијата, адетот, аманетот, бакшишот и други.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)