вапса (св.)
Чудно ми чудо и да е кал, а пак тоа била боја, вапцувала девојката предено за чорапи.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
кркми — шишки од косата над очи; крла — едвај оди, се крлеба отколк-наколк; крмуз — боја за вапсување ѓувезно; кросно — направа на разбој; крпен живот — во пренесена слика. Живот со втора жена; кршобарец — мариовец кршобарец
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
После, кога те поласне Неска и она те пледе, те ткае. Мама те и вапса и нејзе за вути!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Денеска Васе дотрча дома возбудено и исплашен. - Аух, - рече целиот позеленет. - Отидовме! ... - Како? Зошто? - се вапцав и јас.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Чупите одбија да одат и да ја чистат Латинската Црква, заедно со браќата и сестрите се противставија да се празнуваат Божиќ и Велигден, не даваа да се вапцаат јајца, одбиваа да се венчаваат в црква, со поп, туку одеа во Тополчани во општината и таму матичарот ги регистрираше.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Откако го вапца и го исуши, со црвен конец платното го опточи од сите страни колку два дебели прсти во ширина.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
„Па според адетот - завчера на изгрејсонце ги вапцав, само црвени - според адетот.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
А уште идната недела ме тера да му вапцувам јајца иако беше поблизу Божик одошто Велигден.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Варзилото сам им го беше донел од бојаџиската чаршија на Тодора, на Паунка, и на мајката Јана, а кромидовите лушпи и цутовите од лутиче сам ги слупи и ги набра, и сѐ се радуваше дека жените ќе се зближат во радосното вапцување, а Тодора ќе ги отпушти дизгините.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Зеде од велигденските јајца стокмени за вапцување со варзило, и, како кога го учеше татко му, стариот Благоја, дупна едно јајце, го бележа со рецка за да го познава и го наполни со течен гипс.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Сите бои ги вапцавме остана уште аловата Ако запнеме уште малку секако ќе доучиме и да бидеме свои на своето.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
На втори петли едно залче леб каснала - не бидувало на гладно срце јајца да се вапсаат - па ја распретала пепелта, боринче клала врз жарчињата, огнот да пламне под котлето.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
- Прости ми, мајко, не сум ги слушнала првите петли. Па навреме да станам, заедно да ги вапсаме јајцата.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)