варница ж.

варница (ж.)

Се истурија во варницата и вивнаа заедно со оние изрешетани трупје што толку се надеваа и ги приготвуваа.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Кога влегоа во варницата Шишман го извади кутивчето, го намести камчето внатре, но го држеше в раце да не тропка.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Во мене гори варница, велам, во мене горат стогови слама плевни.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Молчеше, зашто случката не ја виде на сон, туку на јаве: од поодамна Богуле знаеше дека жена му на Андро, Андрица и Оруш варџијата почесто се состануваат скришум во варницата која повеќе денови стоеше топла.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Пак Оруш збесна, им свика на мајсторите да слезат од чатијата, да запрат; зеде неколку пакетчиња динамит што ги имаше за кршење камења за варницата, и почна да ги пали и да ги фрла во куќата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Гореше и тој. Во топли денови, или кога варницата ќе беше исполнета со камења за печење вар, се состануваа во плевната на Оруш.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
- Море ти си коба! Ти си чумино дете! - му свикаа некои од селаните обземени од жалта за своите умрени и од страв од болеста го зграпчија да го фрлат во варницата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Но кога жена му умре, Дејко ја зеде иконата од свети Ѓорѓија и ја фрли во варницата со вар за да изгоре.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Луѓето гледајќи го клисарот Нестор, како, по наредба на власта, ги фрла умрените во варницата со жешка вар, си правеа крстови, си го запишуваа името на нив и молеа, оставаа аманет - ако умрат да не се фрлаат во варницата како во пекол, како животни, туку да се закопуваат в земи како што е ред и да им ставаат крстови на гробот да се знае кај лежат, да има трага од нив.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Секој што е посматрач однадвор може само да претпоставува, а единствениот што е внатре не може ништо да каже зашто ќе изгори - како што прегорува дивиот белутрак суво нареден како одвнатре изѕидана варница во делотворен варовник.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Така наложен однатре, како распалена и вжештена варница, чичко Томе темно се врцвува во лицето и мислиш ќе пукне како афионска чушка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во отсуство на чичко Томе, кој уште во рани зори заминал за варница, да ја ѕида на суво со сур камен и суво грло, за леб и раат на челадијата и душата, мајка му го избаци по сите страни држејќи му го лицето меѓу дланките како велигденско јајце, и долго му мавташе со марамата од главата, небаре го испраќа чедото на далечен пат во непозната земја.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Еден харачлија баш беше паднал во една варница во дервишки сокак, па има празно место.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Кога Тодора го најде таков, бел како изваден од варница каде несреќно се струполил, крвавата чалма веднаш не ја препозна: таа ѝ заличе на покровот Христов од манастирот Нерези, со кој пред векови му ги завиткаа светите рани на божјиот син.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)