вгнезди св.

вгнезди (св.)

Потоа уследи друг: на Богуле му мина стравот што беше вгнезден во него по бесењето на питропот Андро, доби некаков кураж, смелост, и почна да го раскажува она што го криеше, да ја објаснува вистинската причина за несреќата на питропот Андро: за љубовта што потајум ја водеа неговата жена Андрица и Оруш варџијата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ми ги знаат возбудите и заблудите, Болките во желудникот, реата, Ми ги знаат потресите и вознесите, Ми го знаат огнот и пареата Дреата со која ги нагазив, Мојот здив, кога во нив се преселив, Се вгездив и задомив.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Немее птицата меѓу ребрата вгнездена, Тивнеам и јас во ноќта ѕвездена, Што сум јас без птицата, што таа без мене, Двајцата замолчени, онемени, приземјени?
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Човековото одлучување е вгнездено во мрежа од шеми, така да еден соодветен процес базиран на такви шеми од кооперативни пресметки, подобро од логиката го карактеризира менталното поведение.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Стоеше рамнодушно, вгнезден во влажната жар на претпладнето како во кал.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во грлото ми се вгнезди загушлива тиња со страотна реа. Почнав да го губам здивот, да се задушувам.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Првин тука била турската војска, па грчката, па бугарската, потоа останала само грчката, за потем да се вгнезди француската, па англиската, па српската армија а, еден ден, не била далеку да стигне и италијанската војска.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Насекаде царувала сината тишина. Манастирот бил вгнезден на самиот брег од морето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Таа мисла ми ја вгнезди во умот мајка ми.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Со премин од политеистичко во монотеистичко општество ваквиот однос прераснува во менаж-а-троа, па под крзното од опосум се вгнездува по еден шаман, поп, рабин, оџа или тибетски лама, којшто кажувал што смее и што не смее.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Во него била вгнездена омразата на оние кои владејат спрема оние кои ќе владејат по нив, и стравот на оние кои владејат од губитокот на владеењето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Црвеношијки, златошијки, врапчиња беа вгнездени и доаѓаа во грмушките; верверички и шарени верверички се искачуваа и спуштаа по гранките на дрвјата; ласици скокаа од ѕид на ѕид; млади крастави жаби потскокнуваа во воздухот за да уловат инсекти, и неотровни змии посегнуваа по краставите жаби; бубачки и инсекти брмчеа на сонце; а ноќе воздухот шушкаше од ноќните пеперуги кои со своите крилца удираа во прозорците, во месечевите и запурничави ноќи атмосферата светкаше и танцуваше со милиони трепкачки фосфоросцентни светулки кои на местото му даваа небесен изглед.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во неговите очи забележавме болежлив, глув и потиштен молк и обессиленост од вгнезден страв...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Замандаливме усти, нос и уста затворивме со дланки, молчиме и страв голем ни се вгнезди во ококорените очи. И чекаме кога ќе пукне.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Страв голем ги згрчи грлата, ги скрши рацете и колената ги свитка, лицата ги искриви, се вгнезди во очите, проникна под кожата, влезе во коските, го помати умот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Вгнездувајќи ѝ се во новиот дом, таа секојдневно градеше тивка стратегија, како Рада да се истисне од домот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Туку само на тој што веќе се вгнезди во нејзиното срце.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А Рада дојде и се вгнезди уште одамна во неговата глава.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Живописни пејсажи во природата, уметнички да се вгнездат во душата на минувачите, во хард дискот на човечкото битие за на век...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Немир,тој авет зол, злобно поттропнува по портата на моето сновидение за да се вгнезди, во празните одаи на срцето...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Повеќе