велеград м.

велеград (м.)

Жаклин беше лотка до половина потоната во морето на велеградската беда а јас стоев, ја гледав, ја слушав и чувствував дека полека полудувам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Меѓу обата дела постојат суштествени разлики: едниот е помал град, а другиот со повеќе велеградски белези.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Кога стасавме во Будимпешта на станицата Њигати (западна). Кога слеговме од возот и кога пред моите очи блесна убавината на тој велеград јас, а веројатно и сите други деца, останавме фрапирани, бидејќи дотогаш не знаев дека постои струја...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Горан знаеше по седум пати да им се јавува на девојки кои не сакаат ни под разно да излезат со него, да ги застанува колегите во факултетските ходници и да ги гњави со тоа како за малку ќе го положел испититот ама ете немал среќа, и згора на сето тоа, професорот го мразел и да се фали со тоа дека оди на журки кои се посетувани од битни велеградски фаци.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Знаете, се живее мирно, без овој велеградски метеж.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Никако не успеваше да се прилагоди на животот во велеград каков што беше Белград.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
‌Но, ако геј- ослободувањето, кое во секој случај било склоно да промовира облици на андрогинија, не било одговорно за изумувањето на геј- мажественоста, во 1970-тите имало нови родовоконформистички стилови што се генерализирале и што станувале хегемонистички во машките геј- друштвени светови што се обликувале во велеградските центри на САД.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)