венчавка (ж.)
Значи, венчавката била „поцрнување“, подјармување, потчинување волјата на девојката пред мажот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Откако ги фати попот за прсти при венчавката — не ја пушта човек!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ако сака татко сто венчавки нека пее, јас ќе си терам кумитлак, он нека си тера поплукот дури да го вати Петре за партали“.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Сѐ почна на свадбата моја, вели, мажот ми го зедоа од венчавка, од пред олтар, вели, после ги зедоа и браќата негови и таткото нивни.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
„Ќе смислиме нешто...“ И така тие се венчале. Сето Семејство дојде на венчавката.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
На домашните им испрати телеграма. Ги извести за венчавката.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
„Стокмени се како за на венчавка. Треба да побрзаш да си најдеш машко, додека се нови“.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Сѐ уште се сеќаваше на нив од својата венчавка пред некои триесет години.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Туку шуќур си велам денеска што е недела Па поповите имаат венчавки и крштевки И немаат време за визитации на коали и други сонувачи На сон поп ако ти дојде ќе ти напраи триста лошотии На сон владика или поп и за ѓаволи се веруваат А богами не се чуло дека и на јаве ги есапат за ангели Така барем велат дојденците од Македонија кои своите попови Повеќе се среќаваат по судови одошто по црквите За да расчистат како може тоа што народот го изградил Да не биде народно ами попово И како може некој да биде овчар ако нема стадо И многу имотно-правни а не духовни работи Расчистуваат македонските попови по австралиските судови
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Од раѓањето па до венчавката девојките најчесто беа чувани во потполно незнаење за сексуалноста и можеа само нејасно да ги насетуваат нештата; од дома излегуваа само во придружба на мајките или на некој од повозрасните роднини; од нив се криеше секоја претстава за интимните делови на машкото тело и секоја претстава за интимниот однос.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Во 1856 година, во изнајмената соба над една ковачница, во која живеела со сопругот по венчавката, на свет го донела Зигмунд, следната година го родила Јулиус, кој умрел осум месеци подоцна, а потоа се родила Ана.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Некоја година подоцна бричењето си беше свечено дотерување на денот на нечија венчавка или крштевка.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
И тој, како и Рада, ги подготвуваа своите изненадувања врзани за нивната венчавка.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Во деновите до венчавката во ниту еден момент, со ниту еден гест, не ја откриваше својата тага. На секој ден му даваше нова боја.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Томо не го заборави ветувањето што и го даде на Рада, а тоа беше стапувањето во брак и венчавката, која ја договорија на денот каде што се вкрстуваат Верата, Надежта и Љубовта.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)