видува несв.
видувачка ж.

видува (несв.)

Не е ред веќе да се видуваме... Свршена сум...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Ти се молам, немој да се видуваме. Грев е...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Околу чунот облетуваа роеви пијавици, се лепеа по него, и видувајќи дека нема што да исцицаат, се откачуваа и ронеа во водата.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Уште со видувањето Пере знаеше дока идат за радост.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во скудната фенерска светлина ја видува жената, тенка, еластична и елегантна во светлата свилена ноќница.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Глигор не беше го видувал, иако го познаваше сиот апсанџиски свет.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во тој момент од другата страна на улицата се појавува пајтон. Арсо видува две лица.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
„Благодарам! Довидување!“ - рекоа обајцата и тргнаа кон продавницата со колонијални стоки.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Се сврте уште еднаш, како да велеше со својот нем, кроток поглед „До видување. Ви благодарам“, па со лесно потскокнување исчезна во зелената шума.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
По патот нагоре и надолу минуваа главно војници;одеа повеќето пешки, но се видуваше и по некое магаре или маска, а помина и една кола прегната со волови.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Татко ѝ беше толку многу зафатен со работа, што таа скоро не го видуваше ниту еднаш неделно и тоа ако појдеше кај нив.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Единствената блиска роднина на мајка ми, не знам дали дека живееше толку далеку од нас и дека многу ретко се видувавме, не можев да ја почувствувам многу блиска, ниту да ѝ се доверам за оние работи што ме измачуваа во целото ова време.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Би било интересно во рамките на ова тврдење да се компарираат видувањата за гласовите, барем за оние гласови, за кои и Рембо и Хелбников и Маркус се произнесуваат.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
- Ајде, сега деца, вели, простете се со мајка ви, вели, оти ова ќе ви биде последно видување, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Јас дојдов само за толку, вели Јон, толкаво е моето видување.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Нека ти е простено, велам, едно видување, цел живот ми поврати.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ако сонцето умре, нели на земјата ќе се спушти тежок, вечен мрак, - ќе умрат и дрвјата и убавите треви и, сигурно, не ќе се видува кога птиците ќе летаат, кога бистрите води ќе течат.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Од сите овие видувања на умрени кои слегуваат да пијат вода на изворите, најфантастично беше она, за Трајана Дамческа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Едно видување лебот и ни се сојаде, што се вели, се сетивме дека сме гладни.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сите знаат дека нема друго видување, ама пак викаат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе