виршла (ж.)
Мислам дека јадеа сендвичи со колбаси или со виршли, а кога ќе загризеа од сендвичот сместен во најлон- ќеса полната уста ја вадеа од најлонот каде што сендвичите беа заштитени и веројатно разговараа за мене бидејќи со главите покажуваа кон тремот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Ги фрлив во тенџерето и двете виршли.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Така на пример, Македонија е како она тенџере за варење виршли: мала, компактна, брзо зоврива и лесно се лади.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Не е дека нема, ама си аздисал по виршли што личат на Перутнина, сирење што смрди на Трничко, патлиџан што мириса на јабучар...
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Нешто се тресе во водата ладна стружанка млада широкоградна камен од бубрег во бешика спадна голем ко орев го измочав падна Во Струга сакам и плажа да имам да не плаќам данок пари да зимам езеро чисто јас да благословам нелегално пастрмки со мрежа да ловам Оф леле леле либе ле Дримот ги лади јајцата две виршлата веќе одамна се свари за тебе ќе пишам на старост мемоари Донеси либе пиво од туба да заблажам душа и слатко од дуња облечи вечер свечена руба од сите ороспии да бидеш најубаа
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)