вишти (несв.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Ad patres, ad patres   Има еден коњ,  скока од рид на рид  и од век во век,  ноќем вишти под ѕвездите на Азија,  утринум гребе, раскопува,  ги буди оние на чии бедра вземи  сè уште болскотат  нивните сјајни мечови  и го раздиплува  големото македонско писмо -  како единствена насока на Европа  кон Исток.
        
      
    
    
    
      „Две тишини“
         од Анте Поповски 
        (2003)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          И еден бел коњ ќе вишти некаде во залезот  и ќе чека некого  за да отпатува неповратно таму  кај што престануваат сите значења  и на прелагите за некаква света должност  кон татковината и безброј други баналности...
        
      
    
    
    
      „Две тишини“
         од Анте Поповски 
        (2003)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Ноќва, од пределите на детството,  би стигнало нашето црвено ждребе,  за да го помилувам и кршејќи залаци леб  да го нахранам, за потоа одново да се разигра  виштејќи и потскокнувајќи  и своите тенки копитца  натопувајќи ги во месечината и со нив  ставајќи златен печат врз детството.
        
      
    
    
    
      „Две тишини“
         од Анте Поповски 
        (2003)