возбудлив (прид.)
Море над глава, море познато само од возбудливите свески за гусари а на него бела пена - облачиња, нејаки, нежни, недопирливи.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
ФЕЗЛИЕВ: Нели, Луков? Би било навистина возбудливо човек да ја продава досадата во три изданија: утринско, пладневно и вечерно.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Гледаш, тоа излегува интересно. Туку не, тоа е возбудливо.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Ги изнесуваше имињата на учесниците, нивната улога во оваа возбудлива драма (како што веќе ја наречуваа во странските весници).
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Надвор понекогаш џагореа возбудливи гласови, измешани со кратки шумови од предмети што се тркалаа по плочите и со тропање на тенекии.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
А што беше страшното? Затоа што токму поради тоа мораше да престане ова долго – најдолго и возбудливо – највозбудливо патување.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Возбудлива, но и тажна беше последната приказна за Димитрија Волчарот.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Само можеш да се залажуваш, да лакомиш цел ден, - го прекина Бојан возбудливото влечкање низ папратот.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
„Уште не се ни исушило, а веќе знае да бара храна!“ - си мислеше Бојан, полн со нејасни, возбудливи мисли за раѓањето, животот, умирањето.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Внимавај на распоредот, архитектонската постапка, инструментацијата, но плени се од возбудливоста и уверливоста на кажаното.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Секоја од нив има име, лик, свој посебен карактер и прилично возбудлив живот.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Денес прочитав возбудлива вест за некој среќник што дипломирал на архитектура.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Богуле ѕиркаше низ цепот од вратата и ги гледаше што прават и му врвеа возбудливи трпки по телото, срцето забрзано му биеше, здивот му запираше.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
На сите деца коишто еден ден, кога ќе станат родители, своето детство ќе го сонуваат како незавршен сон, возбудлив и неповторлив.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
- Дедо сигурно ќе пукаше во неа со пиштол, - си велев, - и ќе беше ужасно возбудливо. Штета!
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Навистина, што го влечело кон тоа место на кое пред зајдисонце наслушнувачки го фаќал во лет разговорот на возбудливата жена и на возбудениот Арсо Арнаутче, - „Те видов мртов денес кога ви донесов ракија во манастирскиот двор“.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Навистина, си изгледам буденброковски во сивото, сомотско куќно палто на татко ми, готов да го отпочнам разоткривањето на возбудливите моменти од семејната хроника, поткрепени со пожолтените фотографии, преполнети полици на библиотеката, заладеното вино во посребрените чаши: Убиството на прадедото Хаџи-Васков, прикажано во вечерашнава верзија со посебен нагласок на величествениот предсмртен гест кон атентаторот, - „Нека ти е простум, синко, ни самиот не знаеш што правиш“, ја тера Ева III, да ме стисне за рацете, а штом минувам на единствената љубовна приказна за Ѓорѓи, непокорниот син на Прокопија и српската учителка, мојата ноќна посетителка, сѐ уште цврсто држејќи ме за рацете, клекнува пред фотелјата и оддолу, ги впива секој збор во ширум отворените очи.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Возбудливо? Мене ме потсеќа на шахот.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Романот на ова дете – наратот е толку убедлив што се чини дека е излезен од перото на едно козарче кое станало писател... навистина возбудливо и славеничко...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Вашите кози – историјата, меморијата, свеста... вашите кози-култура конституираат чудесна , возбудлива, каустична метафора која нѐ чини горди што наспроти сѐ припаѓаме на човечкиот род...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)