војска ж.

војска (ж.)

Сите се викаа „Срби”, но во нив имаше толку Срби, колку што во војската на цар Симеона имаше Бугари-Монголи; па ми се чини дека ги имаше и помалку.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
109. Тогашно село во Бугарија, каде што српската војска претрпе тежок пораз во Српско-бугарската војна од 1885 год.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
149. Сите го мразат Волкашина за неговата улога и влијание врз Уроша, но царот му верува, македонските големци: 70 кралеви и банови, според народните песни, му веруваат и му даваат 70.000 војска со нив да умре на Марица за царот и „српското име”. 70.000 души војска од 70 кралеви и банови!
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Што дека во војната, кога војската ги испусти лозјата и немаше ни вино ни ракија, се правеше со боза! не женеа?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
„Ако ни е војската жива и ние ќе сме живи".
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Силна ми војска идеше, тоа е војска ненаша, тоа е војска германска, германска та и фашиска.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Среде Азот зелена ливада, у ливада две танки тополи, под тополи зелена прнара под прнара млада војска седи, млада војска, војска македонска.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Општинската управа со целиот персонал требаше да се евакуира пред војската.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тие — Грците Цицовци, Кондиловци, Кацигаровци за една две недели довикаа од Лерин регуларна грчка војска и го нападија Ѓура и од неговите „бугарски" села.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дури најпосле не се зададе полека, кротко, со сите свадбарски церемонии сериозниот дел од војската — со сите главешини: стариот сват, нункото, деверите, меѓу кои и зетот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Што сакате?“ ја завлече едната ракаво раскопчаната блуза, но пред тоа одговори, брзо уште пред да го чуе прашањето како за некого да научил напамет еден невешт изговор: „Војската ја напуштија активните офицери.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Манастирскиот поп, малоумниот отец Софроние, тешко се снаоѓаше: камилавката му беше издупчена, ту од кокарда, ту од петокрака, како веќе која војска ќе влезеше во широкиот ограден двор.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Еднаш кога ме напушти војската, втор пат кога ти не сакаше да стрелаш во мене со мојот револвер.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Војска? Ха! Тоа беше матна дождовница од испиени, на прв поглед безоблични луѓе, колона гробнички шинели, разнишан ред страшила, глупаво и ненужно развлечен синџир од чудни шушкави алки. Тоа беше почеток и крај.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
По завршувањето на аудиенцијата Великиот везир пристапи со доклади по писмените извештаи од разни краишта, каде што војуваше султановата силна војска.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Јаничарите му беа најсилната војска на султанот, а јаничарскиот ага – негова десна рака.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Се враќаа сакати, алипни и сиот бес за маките што ги тргаа во редовите на царската војска, ги истураа на рајата што ја беа притиснале при завладувањето на нивните чифлизи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Турските војски беа ги достигнале крушевските низини.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Војската и полицијата не ја запреа смртта да шета по улиците на градот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во зачадениот простор не ги гледаше повеќе другарите, се исполни сцената со војска и на Арсо му се слошуваше... очај и огорченост се згуснуваа во мозокот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Повеќе