впери св.

впери (св.)

Крсте го испушти надесно моливот, се наведе небаре да си го земе, ја подаде левата рака под клупата, го залепи левиот образ на самата штица и очите сами се вперија право во неа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Кој ме вика? - се сврте куклата и ги впери очите во темнината.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
На Ивана, со револверот вперен во неговите гради.) Што стоиш?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Со вперен автомат пред нив се испречува Германец.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Кучето тихо цимолеше, со поглед вперен во очите на момчето, поглед што значеше бескрајна приврзаност, безмерно пријателство.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Само ја извади лулата од устата, ја впери кон неа како пиштол и пак ја врати в уста.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Свртувајќи се кон мене, го впери прстот и рече: Ако има чувство треба да има и грижа на совест за ова нешто...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Потоа пак ги впери очите кон Илко.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Еден војник истрча од патот и со вперен автомат почна да нѐ брка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- го впери бастунот кон прозорецот изнакитен со снегулки.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Косата незапирливо ми белее, капалките капат врз прозорците, столната полициски вперена – ги мачам чувствата но тие како да се скоевци.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Беше веќе речиси пред прагот, кога една кола скршна од аголот и кон него впери сноп од светлина.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Во „39 скалила“ јунакот запаѓа сред политички собир и импровизира соодветен говор; во „Саботер“, на добротворната приредба, тој сака на граѓанството да му ја разјасни опасната ситуација и така предоцна (сите гледаат надвор) дознава дека му е вперен револвер, и разгласува дека драгоцениот ѓердан е понуден на јавна продажба за добротворни цели; во „Север-Северозапад“ јунакот се наоѓа на аукција во затворен простор, во којшто сите излези се надгледуваат од шпиони - така решава да земе учество во аукцијата, на што организаторите повикуваат полиција што него мирно го одведува.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ме посети неговата жена и ми рече: „Не можам да дозволам мојот маж да игра една таква улога кога очите на целата младина на Америка се вперени во него”.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Го впери и таа погледот низ прозорецот и одлута со мислите во бескрајното пространство.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Тапанџијата е клекнат пред неа, ја искривил шијата и ја гледа в очи; и свираџијата свирката ја вперил во неа, жилите на образите и вратот ќе му испукаат од напнатост; мевот му е стегнат со појас за да може подобро да дува; челото му е покриено со изналепени пари.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Таа го жулка кучето, го милува држејќи го погледот сè така вперен во Богдана.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Убиствениот инстинкт лесно го препознава секој кон кого е вперен.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Му удираа шлаканици, му ги сучеа ушите, го кубеа за коси, го тераа да стои на една нога, не му даваа да оди на мокрење, му вперуваа жестока светлина во лицето сѐ додека од очите не му потечеа потоци солзи; но целта на сето тоа беше просто да го понижат и да му ја уништат моќта на докажување и на размислување.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Од кој било агол да се погледнеше постерот, отворот на цевката од автоматот, зголемен поради скратената перспектива, изгледаше како да е вперен во посматрачот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повеќе