врзивен (прид.)
Европа е сѐ поблиску до една состојба без државност кадешто државните механизми го губат својот врзивен карактер.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Како врзивно ткиво, со невидливи конци, се испреплетуваат едни со други – зборуваше старецот.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Има многу причини поради кои една кула не може да опстои; тоа може да се припише на неукоста на градителите, на злата волја на подлогата, или на недоволното количество врзивна материја која го држи каменот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)