врсник м.

врсник (м.)

Бегајќи од шумот на твоите врсници, често нешто во мисли те влече: во сонот ги гледаше битките, а најаве место играчки — имаше мечој.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Али нему ја не можех душа да му дадам, станах, каних два-три попа, збраха сја роднини, дојдоха и познајници, врстници- момчета, кренаха го на носила, носат го на рамо; и на гробиштата тамо поп молитва пеја, па го од носила зеха, пуштиха го в гробот...
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
За тоа ме дава за негови врсници.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
По гласот Мече позна дека тој е или негов врсник или малку постар од него.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Имав внук – тој сега ќе ви беше врсник и ќе работеше со вас ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Сепак длабоко во душата бев горд што ќе разговара со мене додека сите мои врсници од улицата ѝ праќаа кришум љубопитни погледи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Чупето на даскал ќе го пушчи, пушка златна да а вркне, да даде господ! — вели Митра Ѓорѓиова, која исто така имаше врсничка на Нешка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој му е стар пријател. Врсници се. Едно време се бореа по панаѓурите и го кутињаше.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сите букви ги знаеше уште лани, бидејќи неговите врсници заодија уште лани на школо, та тој, кое од дома, од татка му, кое од другарите, научи да чита и смета токму со нив.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Децата кај деда Гера го најдоа и деда Ангелета, човек врсник на Гера и на Бошка Манев, кој до Хуриетот исто така бил комита и шегобиец речиси рамен на својот војвода.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Без врсници и еднакво силни.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Последните зборови на оптужницата се движат по мојата невидлива врвица но слаби се и се распаѓаат на нејасни слогови чија смрт се вика тишина на невините простори во кои сум побрз од времето; за сите што се далеку од мене моите часови се нивни години, утре ќе сум врсник со нивните внуци што ќе клечат пред мене и ќе бараат прошка за гревовите и подмолноста на глутницата - таа полека станува пепел под урнатината на храмот во кој ме судеа, ме осудија на смрт и станаа смрт дури и по својата смрт.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Старецот имаше светечки лик. Затоа се срамев пред врсниците и се плашев да погледнам во чии и да било очи како сега. Затоа рано созреав.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Не знам: нели сум пакостен или сум поплашлив од моите врсници та прекарот ште не се лизнал од моите усни.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Врсник си им на сите добрини.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Мислеше прво на Претседателот и на сето време откако го познаваше. Беа врсници.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Еве“, му рече Башмајсторот на оној. „Да ѝ однесеш мајке ти исто колку што си носат дома врснициве твои“.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Си врвеа деновите. Во градината Билјана често играше со своите врснички.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Тоа дури имаше и своја добра страна, зашто меѓу врсниците во игра може да се изроди и тепачка, додека меѓу Кирил и Бојан тоа беше невозможно.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кај Стојкоските колиби, каде што наминаа да го предадат поздравот од дедо Димо на Дедо Стојко, дедо Димов врсник, ги чекаше изненадување.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Повеќе