вљубеник (м.)
И татко му, прекрасниот вљубеник во Платона, избезумено пред смртната постела му шепотеше, чешајќи се по косата како да истребува вошки: „Ги гледаш ли портокаливе. Мајка ти ги донесе.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Само отпорот на козите, на козарите и вљубениците во козата, можат вистински да ја докрајчат суетата на имбецилните и деструктивни идеологии.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Иако вљубеник во мескалинот, нов духовен сакрамент кој создава можности за ново доживување на светот, писателот на неколку места како да поставува одредени сомневања во неговата универзалност.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
А ибн Бајко се расприкажа, зашто и знаеше многу да каже, дури и за себе се расприкажа не само за овој или за оној, кажа за Јосиф и папучите на Гази-баба, кажа, како многу упатен, и за турбето за кое Гази-баба толку долго си бараше место за најпосле и да го изгради, и дека како вљубеник во Скопје сакаше турбе баш како на Хинду-баба кој ги држел пред него најпознатите проповеди во градот.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Шеталиштето полека се празни. Месечината фати пат поназапад, се чини дека ѕвездите пребледнуваат, а на клупите и на бетонскиот ѕид се уште во топла прегратка траат ненаситени вљубеници...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Свет што толку широкоградо и отворено им го нуди на сите вљубеници во убавите четива, особено на поезијата, на стихот.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)