гали (несв.)

Милосрдна сестра со рачички мали за раната наша не наоѓа лека. Со милосни очи, со поглед што гали не ни носи таа нам преврска мека.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
ДИМО: Е, аирлија да е! (Го гали детето по главата). А чие е?
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Еве, гледај, тука на прозорецот ќе го видиш, кога ќе дојде!... (Стоејќи над детето и галејќи го по главата).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Ич не ме чекај, ич не ме пекај Белград е ламња, во Белград ја роб, снага по туѓи палати оставам, снага во усти несити клавам, и дома - дома не ќе се вратам, не ќе ги пијам очите твои не ќе ја галам снагата твоја - далеку негде сувата рака по тебе, Вело, пустата мака пуста ќе остане...
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
И пак почна да се гали со детето: „Мори, милата уста на мајка!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ми ти се спие! — го гали Бисера и чека одговор.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Митре почна да го гали по главата, ги залепи своите испукани усни на негавиот образ, гушејќи се и тој во солзи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дали ќе колат по Мариово, ќе бесат, тепаат, пљачкаат или ќе ги галат Мариовците, тоа беше нивна работат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
За сите одговори Ајша: – Го чекаат добриот кадија да ги погали. – Само да ги погали? – божем ја праша кадијата Ајша и почна со ред лево и десно да ги гали младите жени по бујните коси.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
– Е, заслужи едно галење, џанам – ѝ рече кадијата и почна да ја гали по косата и лицето, па се наведе и нејзе ѝ залепи една целувка меѓу веѓите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Околу неа се врткаше мачката. Нејзе сигурно ѝ беше жал за расплаканото девојче па се галеше околу нејзините нозе и сакаше да ја утеши.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Босилекот се вовира остро, ја корне и растресува душата, додека шебојот гали, опива, слади, тера на дремка сладосна.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сеќаваше како пријатно го галат меките тревки, како му ја нудат својата миризба шареноглавите цветчиња и како го гледат и му се радуваат многубројните бубалки.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Сите негови спомени од далечните години, после... тажните писма од Бимбила, фотографиите од синот и внучињата што не ги стегнал ниту еднаш на ранетите гради, и сјајот во нивните очи од новиот, слободен живот таму - сето тоа му беше слеано и дишеше во топлиот трепет на таа незаборавна, светла и мирисна мугра од пред дваесет години, што овде го галеше и постојано го измачуваше со најмилото: мечтите, младоста, љубовта и тешеше во најтешките часови...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Отпрвин, тој ја гледа во очите и потоа немоќно почнува да ја гали. Има нешто безмерно очајно и тажно во тоа негово преплашено галење.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Разнежено го гушка детето, му ја гали главичката и полека го спушта на земјата до себе.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Штофот, тоа е некаква мекост, темна како ноќ што гали и смирува.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Гали и сече неговиот поглед, како срча остра и силна како надробената синевина на ова далечно небо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Но китот си е кит, со опашот и мава и гали...
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Тој ја галеше по косичката со другата рака, а очите му се искреа од радост.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Повеќе