гарван (м.)
Жими вера, ако не кажиш каде тој пезевенк ќе одерам тебе и ќе обесам овде на овој борот, да колваат орли и гарвани.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ја напуштија Маргара, оставајќи ги своите осум другари да ја топат со својата топла крв и оваа чука, како Соколот што го натопија Манол Разов и двата четника Толе ги пречека војводите над самото селце Орле, на преслапта „Мал Гарван", со сите останати четници.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
7. Во селото Орле кое се наоѓа токму зад онаа висока чука што се вика „Гарван" Толе нарача, како во Чаништа, десет брави и десет фурни леб; за него со другарите пак пет шест кокошки и две тепсии алва и реши да ја проведе оваа ноќ во една одаја со Мише Ќосото, а утре да го однесе јадењето на Маргара и да се збогува со своите не многу сакани гости.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
3. Горниот свет
Неартикулирана камена композиција
втисната на Гарван, черна древна птица
затскриена зад брезите, дабојте, черешните
меѓу трепетливиот и див отсјај на небото
двосмислена како поетски знак
и живописна
а ние -
недораснати да ги разбереме
мегалитските, сакрално елементарни
глетани семи на минатото
само ги посакуваме, и -
приседнуваме на Плочите
небаре во неправедно студениот
скут на Господ
кратко, многу пократко од О-н-ние онаму долу
во подземјето полно мицелиум
и ехо, ехо од Ум!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Црни облачишта како јата гарвани се лизгаат над езеро, водата под него потемнува, езерото го снемува од црнила.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Вели:од секој скубен гарван не бидува орел и секој ангел не е од охридска Света Софија.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)