гајба (ж.)
Апчо, Клапчо и Шљапчо веќе беа насадени на три барски столици, со гајба пиво пред нив, што рамномерно се празнеше.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Овде е многу топло. Сто осумдесет и третиот ден од годината ги спушта ролетните, влкучува вентилатор, чести гајба скопско пиво најладно.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Кога вчеравечер влегов во дуќанот, со иштав да купам пиперки, иако малку подовенати, што беше ги донел Чане, газдата, ставени во гајба, исправена пред влезот, во полната просторија го слушнав зборот „арондација“, токму Владе им го објаснуваше. И уште „продажба на странци“, „процент“ и „пратеник“.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Сега речиси никој не се јавува, и ноќната калакурница во нашата гајба, полека се претвори во пријатно катче декорирано со непријатна брмчиуши тишина.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
На превртената гајба до неговите колена беше поставен шахот во очекување на првиот партнер.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Ако земаш полкило, рибарот ти црпе од црвеноперките - со тас, како од црква позајмен; ако земаш цело кило, ќе ти црпне и од гајбата со кострешот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
А ситната се носи со гајби во рибарницата, која тогаш и се отвора.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Во едната гајба или црвеноперки, а во другата костреши; освен ако нема уште некоја под тезга, за постојаните муштерии што си порачуваат одвечер.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Тоа е гајба со забранети јаболки; ливада за пасење стадо мисли; речник што не го содржи зборот „диета“.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Арно ама, мене не ме очекуваа, па за секунда чувствувајќи се како натрапник кој ја узурпира „гајбата“, занишав со глава и бргу-бргу исчекорив, божем до тука треба да патувам... ете, на гости во комшилук на втори..
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Повлече од цигарата. - Кога сакаш бујрум кај мене крени си некоја гајба Афро – кола и однеси си ја дома и на Александра, ѝ реков дека може да се послужи со мојата залиха од сокови, мислам сериозно, ако ти се допаѓа пијалокот, нема проблем.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)