гајле (ср.)
Ете така, Силјане внуче, ќе си одиме, ич да не береш колку за тоа гајле.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
И не бери гајле, пак јас ќе те однесам и ќе те донесам и пак човек ќе те сторам; арно беше сега да не го окршиш шишето, ама откога ќе се стори едно лошо, не се враќа лесно.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
АРСО: (Пивнува.) А, без гајле пиј, чорбаџи Теодосе, крстено — водичка. Право да ти кажам, кум Поцко, виното ти е слабо. (Му намигнува.)
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Чекај без гајле, стари Циганине.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
ДЕПА: За таа работа ич да не берете гајле, мое гајле е тоа; само вие речете кога ќе сакате и јас сум готова...
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
МАРА: Еее... и убавини, ами и гајлиња, господ оставил за луѓето.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Туку немај гајле, ќе викнам некоја жена од комшииве и подоцна ќе појдам.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
ПОП ЈАНЧЕ: Народно гајле, Анчо. Ако умре некој- попот треба да му мисли да го закопа.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
А јас сум обелел од гајлиња.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
САВЕТКА: Со здравје, сваќе! Ќе ја нагласи вујко ѝ работата, ти ич не бери гајле.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
- Што, ајдукот се најде ли? - Не ти е гајле, реков слушајќи ја оддалеку пијаната песна на Генералстап.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
— Не берете го тоа гајле. Шпиро си го знае занаетот и времето.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Готови, везени, ткаени, плетени, кистени, од живи од умрени, лели Боца си има да си навре, шо ѝ е гајле? — велеше Тушевата невеста, покажувајќи со прст ,на Бојана.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Најстина сум мал, сега завлегу во седумнајсет, токо ја и ошче помали и татковци се сториа и пак ич гајле не му е, — и Крчо ја исправи главата, што му беше наведена уште од Достаната навреда.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Прв го утеши Дико: - Седни, - милозливо му рече тој. – Немај гајле кога се погоди среќен, ќерата ниеден.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
– Не бери гајле, Мусо-ага, не бери, само вие добро спремете јатаганите и кога ќе наредам јас, удрете – го тешеше кадијата, одејќи по него со беговите. Со таков разговор се појави колоната на Чашка над самото Чаништа.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
- Топло ли ти е кесето - за ништо не бери гајле... - постојано ги учеше Карче синовите.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Данче погоре го поткрева фустанот: Баш ми е гајле, ако сакат и келнерот нека го исправат овде да им запее...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Дајреџијата му се внесе во лицето, целиот насмевнат и блажен, како да сакаше да му каже: „Ништо ти, комшија, не бери гајле, јас сум тука, јас ќе те одведам дома...“
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
А Солун не е Кукуш... Но штом е Гоце со нас... не бери гајле.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)