главина (ж.)
Си мислам што може да се изделка од буката: колку главини за колца ќе излезат, колку лактишта, колку оски, колку ќумур може да се направи.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Делкавме главини, лактишта, спици, ражништа, растоки, јареми. И сите работи што им требаат на коларите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Јас му кажувам, кога јадеме мрсно, како топиме сало, како правиме пршки и му кажувам за планината: како се делкаат главини и лактишта, спици и оски, како се прават коли воловски и му кажувам за јазот, што ми тече зад куќа, под стреа.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Главина го донесе кучето и рече: „Еве ви го! Земете го и убијте го...! Ебете си мајката“, ни вели.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)