глувче (ср.)
Не смеам, срцево ми се тресе како глувче во фак.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Како глувче во фак. Лежам и како насон, кога некој ме брка, не можам да бегам; се мачам и го чувствувам чукањето на срцето дури и во коските.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Појдовме кон градот задоволувајќи се со мали пакости: на кепецот костенџија му ја изгаснавме карбитената ламба, во отворениот прозорец на писарот и бабицата фрливме мртво глувче, на еден поп му рековме баксуз.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Роденден. А умирав со илјада смрти. Во моите коски како бели глувчиња лазат ветришта, го слушаат дахот на мојот прав, прашуваат што е тоа да бидеш покоен.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
- Виде ли? рече - Тоа глувченце... Не чув потаму. Неговите матни зборови ги поклопија сурлите и тапанот.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Тогаш меѓу нив застануваше еден кловн изгубен во војната, некој Август Рицман со виолина в раце. По затегнатите жици трчаа бели глувчиња.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
И пак се тргаше. „Со тебе - каде?“ „Сегде“, и не ја пушташе веќе раката. „Знам едно катче од каде можеме да го слушаме мекиот галоп на глувчињата.“ И пак се сети - не, јас нема да умрам од смрт како секој друг; ќе умрам од живот.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Му беше смешно - говорам за глувчиња како за жолти и ситни птици. „Не“, му рече. „Јас не смеев ни олку да се задржам.“ Се обиде да ѝ ја префрли раката преку половина.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Требаше да го победи, да го пребори, мислеше дека ќе може да го стори и тоа со оние свои вредни рачички, пред другите да го видат, а утредента сепак мораше да го однесе и него високо горе, на скелето, а од неговата тежина како да поигруваа под него широките мостови на скелињата и тој многу често се наоѓаше себеси вкопан, како глувче, во некое катче на таа височина и со секој ден неговиот ѕид почнуваше да заостанува со по неколку реда тули, од ѕидовите на оние, што ѕидаа од обете негови страни.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Сѐ беше така подредено кај тоа старче, што Змејко можеше зад секој негов гест да ја насети онаа негова чкулава рачичка како влече полека, како глувче, кон себе, кон себе.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Коле и другите од задната клупа ги издолжуваа вратовите обидувајќи се што подобро да го видат глувчето.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Кога виде дека сенката го моли, Карамба-Барамба навреме се тргна а и јас со него, Слонот, исплашен од едно полско глувче што се обиде да му се завлече во сурлата, потрча покрај нас и кршејќи се на својот пат се изгуби во длабочината на бескрајната џунгла.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Но глувчето си е глувче, ѓаволесто и вражесто: се растрча по клупата, го напна конецот и: фак! - рипна во градите на учителката.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Но никогаш досега не сум слушнал вакво: од глувче, од малечко и обично глувче да пукнеш од страв. Хм!
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Токму затоа другите глувчиња му беа дале такво име - Цивко.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Но, глувчето Цивко се плашеше, на пример, од некое празно истркалано кутиче, од орев, - море и од самата лушпа од оревот...и постојано се слушаше неговото пискање - цив-цив.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
И бабари не поминаа. Немаше ни кој да го разгази снегот, ни зошто да го разгазува. Остана само ״фати глувче за опавче, фрли го во јазон и кани му од газон“ .
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Но кога низ вратата тивко, како глувче се мушна стриче Лентен, кога ја видовме неговата подгрбавена, смалена фигура, сите како под команда занемевме.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Гледајќи ја таа слика, дури и ние глувчињата ги поткревавме опавчињата.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Секојдневно тој доаѓаше во домот и со своето како глувче подвижно коњче на малечка двоколка ни носеше леб.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)