големина ж.

големина (ж.)

Кога се ослободи Бугарија и се усили државата на Немањиќевците, во која влезе поранешниот дел од Македонија, т.е. денешна Србија, – таа, т.е. Македонија во денешната нејзина големина уште остануваше византиска земја, каде што продолжуваа да се креваат востанија против Византија, за коишто се бараше сојуз и покровителство од соседните држави.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кога се вади сноп, се земаа по сто снопа од три големини: најголеми, средни и најмали.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се смееја. Ме присилуваа да заборавам дека човековата сила е во големина на неговиот дух.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Спротивно од големината на главата, на нејзе сѐ е мало: косата го прерипува челото и почнува скоро од танките веѓи, очите се опасно ситени и пропаднати, носот е незабележлив, низ танките усни со мака би се провлекол поголем залак.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
На ѕидот кон бавчата виси портрет на свекорот во природна големина, со фес на главата и астраганско џубе.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Па зар е потребно сега да се мекушави кога целта стои пред него чесна и чиста во својата големина и привлечност.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Беа неверојатно подвижни и смешно несмасни во својата големина, тие две раце, додека си имаа работа со онакви ситници.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше тоа нечиј туѓ свет и тој беше малечок за да ја сфати сета големина на празникот околу себе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Иако автобусот веќе стои, тој со најголема радост би побегнал пред неговата огромна големина, но нема сили за тоа.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Другата е искитена и подредна со поинакви и попривлечни работи што при прво влегување збунуваат и занесуваат: ѕидовите, масичките, прозорците и ќошињата се искитени со сликички од секаква големина и изработка: чоколади, од весници и списанија, божиќни и велигденски ангелчиња и светци промешани заедно со татко му на Колчо кога бил војник, со брат му на Танаса, со мајка му на Васе кога била невеста, со татко му на Колета кога го закопувале и, најпосле, со дедо ми - кога на некоја веселба во рацете стиска кренато буре.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Станаа какви што ретко можат да се видат во светот: во едната имаше илјадници ситнурии и матракулки: од игли за плетење и крпење до часовници што некогаш имале разноразни задачи: да ѕвонат, да тикараат, да гукаат на ѕидови и да се тресат по мали џепчиња; па потоа конзервички и тенеќиња со шарени обвивки и со натписи што можеш по цел ден да ги читаш и да не ги протолкуваш; шишулиња од разни големини и дебелини, кои можат да се носат воврени во прстите или пак наредени како цевки под мишките; белезички, прстенчиња, ножиња со рокчиња, шарени стомничиња, свирчиња, а потоа: рачки од чадори, поткови, бургивчиња, тркала од колички, панаѓурски штракачиња и што ли не.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
На педесетина метри пукотот најпрвин се збуца во гумите и тие со шишеж ја намалија големината и ја загубија стабилноста.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
А кога го крстивме, кога попот и другите луѓе се чудеа на неговата невообичаена големина, ти им објаснуваше дека и доктор ти рекол дека такво нешто може понекогаш да се случи кај некои мајки; тоа зависи од мајката, од исхраната, од движењето и времето во кое се раѓа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
По нивниот сјај, местоположба, големина и движење, дознаваше и претскажуваше: идење на болести, чари, скапии, невремиња, глад, војни.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И тогаш мерејќи ја големината на љубовта и стравот што ми ја здрвуваше крвта ја измерив и острината на сечилото за птицата во нејзиното грло.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Погрешна претстава би добиле за големината и за пространството на ЕКСПО ако ја споредиме со кој и да е саем во нашата земја.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Филмот беше така изрежиран што, напоредно со страотиите на војните, на преден план се истакнуваше големината на француската војска која врз себе го понела товарот на војната...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Љубезните домаќини на овој индустријализиран комбинат за произведување на домати, и краставици и на други зеленчуци ни раскажуваат како никнало ова стопанство, овој град од оранжерии кои по своето пространство, големина и производство се едни од најголемите во светот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се боревме за нивната големина, за нивните големи зборови. И тоа е вистина.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Но при операцијата останаа во чудо: ѝ го најдоа во неа и оној поранешен плод - зачнат вон материцата и немајќи услови да се храни, кога достигнал одредена големина, угинал.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Повеќе