гордее несв.

гордее (несв.)

Дури се гордеам што сум Македонец, син на еден измачен народ, кој преживеал толку вековни робства и пак не се поддал на непријателот, да го претопи, ами жилаво се држал и се борел за својата национална слобода.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Изгледаше дека се гордее што нема раце.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Да јадеш крадени отпадоци од туѓи софри и да се гордееш со тоа: смешно и тажно.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
А Милка се гордееше со своето. Навистина нејзините другарки имаа многу лоши мачиња.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ако биде чиста и внимателно испишана, тоа ќе кажува дека си добра ученичка и сите ќе се гордееме со тебе.“
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Го потклепа палечникот, и сам проговори некој и друг збор со Стевана и виде дека Стеван се гордее со своето Кате дека служи кај бегот и оти тој ја има таа „висока чест“ прв да разбира што мисли бегот и што ќе прави.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Предавниците нека си одат кај нивните господари и нека се гордеат со своето предавство.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Штутгаржанинот се гордее со тоа што во неговиот град се наоѓа најдобриот балет во Германија и најпознат во Европа, по рускиот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Лајпциг се гордее со Томасовата црква. Таа не служи само за богослужба, туку и за концерти, зашто е извонредно акустична и располага со две оргули.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се гордеат со Храдчани, кои доминираат во овој милионски град.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сѐ што правеше Дукле за да ослаби, не помагаше; Кала како да се гордееше што беше толку дебела, што беше реткост, исклучок во селото; при исфрлувања на секое кило од себе, се плашеше да не тргне надолу, па да не знае што да ѝ направи на кожата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
А Арсо Арнаутче станал од клупата и се испрчил, речиси војсководец е што се гордее со раните спечалени на невидено боиште.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ракоплескањето шуми како пролетен дожд врз ламарина по салата и од сите страни се чуствуваат извици: Браво! Ние се гордееме со тебе!
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Се гордеевме со нив: да чуваш две кучиња речиси сред градот, каде ни кокошка со пилиња не смее да се чува.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Во земјата која необично многу ја поддржува современата уметност, првата специјализирана институција - со разновидни слики кои се гордеат со атрибутот „најголеми во Јапонија” - се бори да ги исполни големите очекувања на публиката.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Меѓу другите до гробишта го испратив; ме одбегнуваат и се гордеат.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
За од старото Отоманско царство, коешто се гордееше со тоа дека се состои од 72 „зрна просо” (народи, нации во пред- националистичката смисла на тој поим) да се искова нов граѓански идентитет, Ататурк својата нација мораше да ја доведе во спротивност со персиското и арапското наследство коешто доминираше со културниот живот на Отоманското царство.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ние кренавме наш Кинески ѕид на Балканот, со кој ќе се гордеат идните генерации, спасе­ни од империјалистичките апетити на нашите непријатели.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Знам дека се гордееше со мене, ама исто така знаев и дека е мајстор да не го покаже тоа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Воопшто не ѝ се лутам поради тоа. Всушност, се гордеам со неа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повеќе