горештина (ж.)
– „Ако се раздени, ќе ти кажам јас тебе клетва ќе добијам и друзи маслаати што ми ги кањараш ти мене, си велел сам со себе Силјан, дури да си појдам в град, да ќе ме видиш ти овде да ме тераш ти на жниење на оваа силна горештина, бидејќи има в град ладни меани, да седам и ќеф да терам со граѓаните.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Блазе си им анасана на граѓаните, тие ете тие живот поминуваат ја, а не како ние селаните ќе испукаме од горештина, пот да ни тече од челото како река.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Летото започна рано. Уште на 11 мај веќе беше топло, а на Петрови пости и сам Петровден горештината фати на големо.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Летото врвеше со своите горештини, со своите сливи, круши, јаболки, кајсии, грозје и царевка и наближи есента.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Го намести буклето под тенкиот шупур на кладенчето и отиде кон шумичката да седне под сенка и малку да здивне од горештината.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Едниот го праша другиот: – Велиш ќе си достои кадијата на зборот? – Таман работа еден кадија да кршне – му одговори другиот. – Тогаш не за бадијала ја јадевме горештината летоска.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Некаде, подолу, некои жетварки жнееја јачмен и пееја: „Горештина, омарнина веќе ми се здодеало“ Трајче требаше да мине преку мостот на реката Сатеска и да премине на другата страна кај Крива Воденица.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Тој ден владееше голема горештина, сонцето луто печеше врз ќелавата глава на дедо Гога, па тој се запре крај едно изворче, под едно дрво, да се напие вода.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Таман припна горештината, по пресопта; ги фрлија сакмите под леските на лево и десно од локвите, наизлегоа булуци овци, брави, шилежиња и курдисаа да пладнуваат и тие.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Горештините принудија многу луѓе да се оттргнат од градската врева: железничката станица е претрупана со патници и тешко се добива место во вагоните.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
И каменот оживува на жешко време, вели, само тревата се суши, друго сѐ оживува на горештина.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Како, мори, ви студи, велам, на оваа горештина да ви студи! Децата ништо не ми велат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ништо не ѝ се познава во очињата: ни црнка, ни белка. Сѐ е зафатено од жарот, од горештините нејзини.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И така ќе ме остават на некое жешко сонце, на горештина...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Дури и по најголемите горештини одеа во кожени палта.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Главата му беше јајцевидна, под слабата коса светкаа на пладневната горештина капки пот.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
За да ѝ избегам на бучливоста и на задоцнетата горештина во тој град на Егеј, и јас и сѐ што живееше или беше дојдено во него под вршник на септемвриски ден, влегов во старинарница во која, слични на живи кукли стари Американки во невозможни шарени ткаенини(„пура лана“ што би рекле ситните венецијански трговци но од чиста синтетика) на кои им изгледав занимлив за разговори или достатно сериозен за совет во купувањето на триптохон од оревово дрво со Богородица насреде, попусто, навистина попусто ја вртеа кон мене иконата,
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Штипка трева и го тресе телото од мувите, од горештината.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Обете сме ко бастросани од горештината.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И како што надоаѓале пролетните поројници во свијокливото корито на Давидица, рекичка што некаде околу денот на светецот Петар е испиена преку ноќ од горештина, така ненадејно растеле и невисоките ѕидови на четириесет и трите воденици - груб камен врзан со иловица или, подоцна, со вар.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)