господари несв.
господар м.

господари (несв.)

Историско-културните услови секогаш господареа во создавањето на литературни јазици, господарат тие и сега.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Умеам да господарам со себе, не патам од халуцинации, не сум ни мистик, ни егзотичар.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Од училиштето до овој привлечен свет на книгите, наеднаш тука, во дуќанчето полно со мрачнина во која господари незадоволството на татко му.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Дома останаа да господарат Анадолците.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тие, Акиноските, горди и довечерашни лути непријатели на Турците, многумина нивни блиски соплеменици паднаа во боевите против турските завојувања на Македонија, ниту не можеа да помислат на исламизирање; беа длабоко уверени дека единствено е добра и исправна верата христова и силно ѝ беа предани нејзе, а Лажниот Мустафа, пак, за сѐ добро известен, како да негуваше одредена почит за нив, како да не сакаше да ги понижи повеќе од што беа понижени со самиот факт што тој, туѓинец, господари со нив, довчерашни византиски господа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Го нарекоа Али Ахмед, ги зеде за жени Мунивер, единствената ќерка на Мусли бег, и жената на Арслан бег, некоја потурчена Гркинка, и заедно со нив, за да биде што подалеку од Дамческите, зашто можеа да го убијат за одмазда, се пресели во битолското село Чаирлија, таму да господари со чифлигот што му беше ветен на Арслан бега.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се разбира, ако не ги сметаме овдека Турците кои на чифлизите си живееја свој живот и господареа со рајата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Под нежната опна, непропустливата мембрана што го поништува надворешниот свет, обликот господари со своето траење.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Над него господарело нешто посилно од разумот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Душата на животните е тесно поврзана со нивната физичка природа; таа е сврзана со материјата и не може самостојно да постои и делува; постои само додека постои животното, зашто тоа не е духовно битие како човекот; таа не може да господари со своето тело како душата на човекот; тие не се разумни суштества и не можат да мислат; тоа својство му е дадено само на човекот; тие имаат само сетилни нагони и инстинкти; а човекот, како мисловна природа, е свесен за себе си, мисли за вечноста, за бога, за својот живот, за своите постапки, и на тој начин го обновува своето постоење; има психички живот, а животните си остануваат онакви какви што се создадени - неразумни битија; движењата им се условени од надворешни и внатрешни влијанија и нагони кои произлегуваат од физичката потреба да се одржат себе си и своето потомство; немајќи разум, немаат ни апстрактни појмови: за добро, за лошо, за вистина, за убавина.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И да господари во срцата ваши мир божји за кој сте повикани со благодарност да се покорите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И оној тогаш водел ајдамаци со калпаци од мечкина кожа, ги качувал и ги спуштал по ќорави беспатици и ги избегнувал населбите, ги избегнувал и местата на кои кесарови копја и стрели господареле над животот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Веќе е строен, црнокос момчак со вдлабнати, темни очи во кој снегот се топи, со лик и срце од претците, поглаварскиот народ што господареше со моќни градови од камен и иловица, во чиј центар се издигаа гигантски скалести пирамиди - храмови (одолу обете раце на малите свештенички, складни како фигуринки од фајанс, змиите се обвиткуваа со мирна предаденост).
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тогаш, започнува да ни се привидува дека ние господариме со сето, што е надвор од нас.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Го контролирам погледот, глетка си одбирам, господарам со дрвјата, филоновски ги соблекувам.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Да се направи избор на текстови од феминистичка философија е неблагодарна работа, посебно кога си припадник на „луѓето со незначително поголеми мускули“, сега веќе толку извикани од „луѓето со незначително помали мускули“, барем кога се работи за две и пол илјади годишното машко господарење со филозофијата.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Напротив, вообичаениот одговор е: сега сум помудар, сега подобро господарам со својата судбина.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Гледаше во дворот, во градината, во полето, во планината и се исполнуваше со некое блажено чувство: како да господари со овој простор.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Нашиот безгласен разговор гардистите на Мортенија не можеа да го слушнат. Со своите весла господареа над реката.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Сега сум им роб. Тие господарат со мене. Тие или чинките на Мортенија.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Повеќе