градоначалник (м.)
Тропаат тасови, Реват басови, на градоначалникот косата му побелува. Ништо.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
На оној што ќе го разбуди градоначалникот градот му го подарува. Попусто.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
Чанга се накостреши од овие зборови. Сакаше да го фати за гуша градоначалникот, но се смири.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
А ние не сакавме по никоја цена да појдеме без козите – прифати веднаш Чанга. – Разбирам, разбирам – продолжи загрижено градоначалникот – но што ќе правите сега со овие кози? Ќе ги продадете, заколете или...?
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Тоа веднаш го сфати и градоначалникот, и ја прекина тишината: – Да ги оставиме дискусиите за подоцна.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Јас познавав и друг градоначалник, мошне слабичок, кој веднаш од граѓаните беше прогласен за слаба фараонова крава и подоцна, ниту една негова наредба веќе не можеше да има сила.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
На крајот, трет градоначалник имаше толку мал раст, што не можеше да ги збере големите закони и од напор си умре.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Градоначалникот е обврзан да има чист глас, што надалеку се слуша; тој треба да памети дека белите дробови на градоначалникот се создадени за издавање наредби.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Татко му, градоначалникот, има иста таква!
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Понатаму ќе бидат споменати бискупите во нивните батистени ракави, судиите во нивните хермелински наметки, срамниот столб, акциите, мелниците што ги покренуваат робови, камшикот со девет прачки, банкетот на градоначалникот и обичајот да се бакнува Папата во ножниот палец.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
„Ами што го бараш градоначалникот“, рече Сотир Лековски, „кога знаеш дека е тој изгубен случај, нова општина, крал без кралство, го видов како бере смреклинки“.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Одбрани луѓе, во ексклузивен хотел на морето, коктели, прошетки, приеми од страна на министри и градоначалници, возење со посебно закупен брод, размена на книги, телефони и адреси.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Веднаш го повика градоначалникот.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Семејството на угледникот Теки Руси, градоначалник на Прмет ќе доживее вистински калвер за време итало-грчката војна, кога ќе се најдат во Колоња и нивната куќа ќе биде запалена од грчките војници.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ме обзеде силна возбуда додека ја читав телеграмата на градоначалникот на Поградец со која ме повикуваа на свеченото доделување на титулата.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
И ја барам Вашата поддршка во однос на она што притоа му го наложив”, одговори Беренц, иако беше известен дека веднаш по посетата кај него градоначалникот бил во посета на владиката. „Вчера се видов и јас со господинот Карер, но тоа беше една неслужебна средба.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Нејзината балканска одисеја заедно со нејзиното пијано ќе заврши во Берат, чиј градоначалник тогаш беше нејзиниот маж, Илјаз Вриони.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Во тој момент градоначалникот го виде забрзаниот крупен свештеник кој ја обавуваше функцијата на настојник на митрополијата, облечен во тешко црно расо што ветрот го лепеше на неговата корпулентна фигура, како се движи директно кон него.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Се откажав кога го дадов свештеничкиот завет”. „Ви кажа ли градоначалникот за нашата последна средба?” - ја смени темата есесовецот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Овде, градоначалникот ти пружа шанса, у текот на неколку саата, у одреден ден од неделата, да го изнесеш ѓубрето на одредено ќуше од својот двор.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)