гризе несв.

гризе (несв.)

Сѐ нешто треба човекот да го гризе!...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Душата ти е болна, дробовите ракија ти ги гризе, а ти лежиш и молчиш.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Пецо болен. Го заковала болка за постела, однатре, откај срцето, го гризе. Не може да стане, да крене секира.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Таа си гризеше усните, стануваше и сама жолта.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Потоа, висок и ишчешлан, гледајќи ја Јана мирно в очи, соопштува - тој беше луд; сега седи зад решетки и гризе малтер.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Тој може, - рече тогаш Дуко. - А јас, јас веќе немам што да се гризе од мене.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега беше тврдо и роговите се скршени и веќе немаме за што да се гризиме.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Денес ќе се гриземе, ѝ зборуваше во себе, онака заздишан и безгласен, на сета таа глува скаменета шума околу себе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Коле пред мене гризе нешто. Но знам, сливи со тоа, штом мене ми навира во устава вода.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Велат дека Лангачот не можел да плаче: само ги гризел рацете со заби. Целиот бил раскрварен.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Славчо молчеше и си го гризаше малото прсте: очите му гореа и оддаваа силно и длабоко задоволство. ***
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Како и секогаш нафрла храна во јаслите, го срина малку ѓубрето кај говедата, им посла сува слама, па чекајќи така добитокот да му се порадува на убавото зимско сонце, да се надише свежина гризеше јаболко и пребаруваше низ мутвите на кошарата, низ сеното и сламата во плевната, низ сомнителните места во ѕидовите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тргуваа луѓето со што можеа; Раифа не го гризеше совеста што продава пушки на христијанин.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Море, крвта нејзина...”, свикува сејменот и ја легнува; почнува да ѝ ја кине кошулата и да ја гризе како куче.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
11 Мотив: рана пролет: Брегот на Профим зазеленет; неколку јаболкници и праски избрзале, порано расцутеле, се преливаат во алови и бели бои; по падините на брегот излетале и првите жолти цветчиња расфрлени како распукани жолчки; белее куќата на Профим, која е скоро варосана, а покривот црвенее како тукушто пресечено месо; по брегот пасат неколку овци, кои, чиниш, не се движат, небаре стојат во излог за детски играчки; еден коњ слегува по патеката со крената опашка како да лебди во воздухот; две шареникави добичиња, крава и вол, со издолжени вратови брстаат по зеленилото спуштено ниско и се допираат, се чешкаат со колковите; по коњот оди човек (веројатно Профим) со лимена кофа в рака; на кофата е паднато сонцето и облеснува; нишајќи ја кофата, човекот како да сака да го брецне сонцето; друг некој (веројатно Скрче) се шета низ бавчата, оди од стебло на стебло и ја потпира главата на нив, како да ги гризе.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Надвор времето гризе со подноктичав студ; ветерот ја кубе сламата од отворените вагони и ја пика в очи, в уста; тие што можат да одат, брзаат што побргу да се пикнат во станичната просторија.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Овдека, вели Јон, овдека нешто ме јаде, ме гризе, вели, ме тера да се чешам, да се дрпам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ниту нокти да гризат, ниту нешто.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И чекаме така: ден, два. Гризиме пексимит, како глувци овес.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Замолкнаа. Гризе чемерот. Подјадува.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Повеќе