дави несв.
давија ж.

дави (несв.)

Али сѐ да ти раскаже баба не умеет, та и с'лзи, синко, с'лзи срцето ми кинат, те мене не дават, синко, сичко да припомнам, те јазик ми ен заврзват, та и време нема...
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Ми заседнала како мора на душата ме стега, ме дави... и слатко ми е! Е, тоа ми е храна...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Во пазарните утра, кога некој селанец ќе му се обратеше некому со прашање кај може да купи лек за своето болно дете, тој го испраќаше на сосем друга страна, кон оној крај што нема аптеки а отаде друг еснаф го испраќаше кон стариот град што се давеше во штавени кожи и лој.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Паралелно со нашата улица живееше, се давеше во грабливост и трешереше во претсмртен грч чаршијата - теснограда, безработна готова на детски бесмислености и ситни кражби.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ти разголи се, со заби дави се со смртта, само коњот чувај го.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тоа беше волшебничка кугла, таа чаша што раѓа во себе разденување и примрак па после како сунѓер ја впива ноќта и ја дави месечината в катран. Тоа беше огледало.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Нешто како був низ соба им лета, покривот над глава им го крши, прасињата во свињарникот им ги дави.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тогаш во поплавата на отровот се давевеме двајца - јас и пропаднатиот кловн Август Рицман.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ги давеа мислите за долгите прсти на Отец Симеон.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Од умна болест“ , одговараа а тишината се повлекуваше и ги оставаше шепотите смрзнато да висат над нив, да ги дави, да им ја пие супстанцата, да биде куп гнили крпи околу гнили мумии.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сигурно слават си рече и почувствува како му се надига нешто од градите и го дави во грлото.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Оркестарот пак свири и Данче пак пее. Само трубачот не ја крева трубата. Се дави во кашлањето.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Покрај него стоеше Митре намрштен, нешто го давеше.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Густ прав го души и го дави.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
На една страна е она што го дави човекот, на другата е збран револтот на совеста.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А Марко му рече: „ Не можев поинаку ... Нешто ме давеше во градиве.“
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Родени се за секакви игри: може да се игра и „прескакулица“ и „јавана“ и „солно-месо“, а и девојчињата да трчаат по браздите по цвеќиња или да се бркаат врескајќи како некој да ги дави или да им фучи со коприва по нозете.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Сите води на светот капетанот Џек го славеле: само името кога ќе му го слушнеле корабите в море се давеле. И пиел капетанот Џек.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Бил едем граѓански војна, дечиња мили, Мадрид во крв се давел, кога го убиле огнени сили Гарсија црното славеј.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Се дави светот в мрак - се гасне месечината стара: - На кое небо ѕвездите да ги барам?
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Повеќе