далечен прид.

далечен (прид.)

Значи, при современата поставка на македонското прашање, ние очекувавме за наш атер Русија со свои непромислени постапки да се откаже од нејзините интереси на Далечниот Исток и заедно со тоа да претрпи пораз на Блискиот Исток.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На тие два принципа одговара: 1. прилепско-битолското наречје за литературен јазик, како еднакво далечно и од српскиот и од бугарскиот јазик и централно во Македонија, 2. фонетскиот правопис со употребените писмени знаци во оваа книга и со мали отстапки на етимологијата, и 3. речничкиот материјал да е збир од сите македонски наречја. 155.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Што рекле старите: „Послатка е близната ’рж отколку далечната пченица“.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
УТРОТО НАД НАС Од далечнините модри се веат на с'лнцето златните далги, од далечнините модри се леат на утринта росните влаги.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Стоеше се така загледан во далечните ѕвезди, а очите му гореа во огнен сјај.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Понесени на своите мисли, како на крила, кон далечните пространства, двајцата другари и не усетија кога им се приближи кондуктерот.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Усети дека се работи за некој далечен и таинствен пат.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Млади тогаш ќе тргнат бригади низ крај роден ќе градат и пеат, ширум в села и далечни градој ден ќе расте под сината стреа...
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Уште од вратата ги фати чадот од борината и боровите дрва и почнаа да си ги бришат очите, небарем се сетија за сите свои блиски и далечни покојници.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се случи стрико Благоја да се најде со својот пријател Андон Белиот, да се поздрави со него и следејќи ги со очи далечниот облак, да го извади дрвеното луле.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Стануваше сиот мисла исполнет внатре со судрувања и искри, гол и неуловлив за себе, и далечен, се подалечен кога сакаше да стаса до себе, да се испита и да се провери, во тоа проверување да го пронајде она непознато, она што го бараше толку време, или можеби во последните две ноќи.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Го наслушнуваат далечниот смрзнат крик на гавранот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кога не успеа, ја дигна главата кон скоро излезената месечина и болно почна да завива, како да му се поплакува на својата судбина на тој студен, далечен лик.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
2. поплава Далечните нѐ уморуваат Доаѓа елементот Па меѓу многуте искривени и тесни брегови на прозорците водите брзи течат жолти итаат и ги прескакаат невидливите и сиви препони на дните Па штом ќе се сетат на своите гради зелени горди како млади жени ги минат оградите на замислените брегови
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Пристигаат троми пристигаат уморените коњи на просторот тој далечен и наслутен шум на заборавениот говор Тропаат беспрекин сами пред затворените прозорци изгубено тропаат со нозете тапи без поткови ти земјо по тебе лизгава и масна земјо мирна тропаат темно измешани
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
„Бегај. И чекај ме на улица.“ Полека, несигурно потпирајќи се од маса на маса, се заниша кон неочекувано сосем далечната и недостижна врата. *
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Под нивните полуголи гранки шумоли во оваа ноќ еден далечен шепот на една друга Марија.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Прости, само две раце имам два далечни брега и нашата неразделност - меѓу.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Нојовиот ковчег, опустошен од кратковиден сон на луѓето во него, беше глув за далечните возови, за нивното пропнување пред скок во неипитаната ноќ.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сите негови спомени од далечните години, после... тажните писма од Бимбила, фотографиите од синот и внучињата што не ги стегнал ниту еднаш на ранетите гради, и сјајот во нивните очи од новиот, слободен живот таму - сето тоа му беше слеано и дишеше во топлиот трепет на таа незаборавна, светла и мирисна мугра од пред дваесет години, што овде го галеше и постојано го измачуваше со најмилото: мечтите, младоста, љубовта и тешеше во најтешките часови...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Повеќе