дамнина ж.

дамнина (ж.)

Каде си горка жено да видиш Изгаснато сонце кај крижу од брег на брег, од југ на југ Јагленосан да ме видиш Жив во дамнината?
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
13. Пресушија водите и во таа пустина стојат осамени два брега како два маченика во дамнината.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
И глас надоаѓа од оној ист рид од кај што сакав да те преселам во земја онокрајна во миг светлина кога ме осветли јарка Ти, таму на север, неподвижна како лузна, како костур, а јас – на твојот југ кружам од рид на рид, од брег на брег жив во дамнината.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Е, тогаш да ти раскажувам, мој Бојанчо, та да ти ги доближувам пред очи сите тие планини, па да ти доближувам дамнешни дамнини, па да ти биде убаво, преубаво...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Одвај павташе со крилјата, се влечкаше по небеса. Доаѓаше некаде од дамнините и којзнае по колку века Одново ќе грачи во својот дом.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Предел проколнат, предел скрбен, ко гревот во него да е зачнат, си стои така од дамнини и во самотија гасне.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Предел е тоа проколнат, предел скрбен, ко гревот во него да е зачнат си стои од дамнини и во самотија гасне.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Беше тоа збрка од воздишки и јачења што се надвиваа насекаде околу него, додека стоеше вдишувајќи ги опојните, суви миризми и ги чувствуваше нејзините наследства од дамнина.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Добро знаел Хадријан дека има еден црн ветер кој доага од една густа дамнина и кој никогаш не може да го стигне - животот.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Прво што му падна на ум беше помислата оти бара некоја книга напишана или не, но која има знак на реткост и мирис на дамнина.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Првото што се пренесе беше тоа дека бикот, носен од својата болка, го пронашол тунелот, лавиринтот низ кој во дамнина опседнатите на Калето полнеле вода од реката или по долги опсади низ тој подземен пат некаде исчезнувале.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Бидејќи ние знаеме дека е книгата истовремено напишана и ненапишана, со белези на дамнина, претпоставуваме дека Рибоокиот или сака да ја украде книгата која од дамнина постои, или да го спречи појавувањето на книгата за дамнината, која допрва ќе настане, или обете нешто наеднаш.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Петтата страна на светот од дамнини е ад, Адаме!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ќе ти влезе во свеста ќе ти се пикне под кожа ќе забега во зоната на интимата и оп, еден ден ќе му појде од рака да го состави она што ти си го скршила да го препише она што ти си го избришала да го ископа она што ти си го потиснала длабоко во тебе, со луд ум на лавина да го открие она што си го забранила за јавна употреба;  ќе ги размрсува и повторно ќе ги замрсува знаците-јазли на твојот личен и на македонскиот синдром ќе си поигрува со преобразбите од дамнини до иднини од лично до колективно ќе ги претвора софистицираните искази и поетските евокации во егзистенцијални слики за да ја долови речито сочноста на твоите исконски мори на твоите детски занеси на твоите судбински застранувања;  можеби ќе те надмине со помош на вродената смисла да глуми да ја игра улогата на другиот да се губи во другиот небаре голтнат од ништото.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Така мирен и така тивок не сум го видел од дамнини.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Од дамнини се рекло: кој има удобни чевли, ќе си направи куќа од ѕвезди.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
- Не, јас си ги претпочитам нашите, домашните, обичаи од дедо прадедо што си ги славиме, што ни се наше вчера и дамнина, што се наш белег и не прават подруги од другите - со роднини и пријатели, со слатко и водичка, со винце, мезе, печено и варено, седнати околу софрата, со песна народска да славиме, да се веселиме и на вигната, сред село, оро широко да виеме...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Нека си прават тие таму како што им е добро, ама нека неуки не ги подучуваат нашите неуки затоа што таму во далечните руски степи некому му текнало да изгори се што е дамнина, па и тука да ја снема нашата дамнина...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)