двесте бр.

двесте (бр.)

НАЦА: Пополека стапнувај, немој како амал со двесте оки товар на грб.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
А после дома ќе пратат абер: „Филан се наоѓа кај нас, пратете сто, или двесте наполеони — тука веќе колку ќе им коптиса душата — за да ви го ослободиме.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Ти ќе ми дадеш двесте наполеони, а јас ќе ти ја отстапам тебе целата стока, парите суви што ги има и девојчето.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Е сега, нека не се сите за мене ами за колку што чини половината стока — двесте наполеони да не ми дадеш! Така... еден убав бакшиш!...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ами... А ти, кир Ристаќи, можеш, ако си сакаш, и да си пукнеш од плачење за двестете наполеони. Тоа не е ништо!...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Советска Русија голема држава и она ми брои двесте милиони.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Некогаш дваесеттриесет куќи, денеска брои двесте без некоја.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На нашите чорбаџии нема кој да му и пасе овците, говедата, свињето, а сиромасите нема шо да и ранат, та така од волкаво село од двесте куќи, одвај дваесет триесет деца одат на училишче.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Затоа, ете, го чекаат да удри оној „високион" седум и да им ги фукнат клучевите на мазите, а Мамут и компанија да им фукнат на клинците и плочите, да прошерпаат по стотина двесте денеска, оти утре е сабота, та треба да ги задоволат муштериите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Скопскиот беглер-бег беше и паша – командант на скопскиот гарнизон, та нареди, еден табур од двеста души платена редовна војска да тргне во оваа експедиција, а во Кавадарци го пречекаа и му се придружија тиквешките бегови на чело со Јашар-бег со петстотини свои луѓе и уште толку башибозук, собран по целата Тиквешија за пљачка по Мариово.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Двесте души крволочни азијати нервозно шетаа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Меѓутоа, тој се враќа, застанува пред Неда, не може да изусти ни збор, но затоа се наведнува, ѝ ги бацува двете раце и излегува. Излегува, немајќи сили да се сврти.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Стоеше сега таа на повеќе од двесте метра од него, со неговото јарче во своите нозе, сета двоумење.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Но тоа било пред сто, пред двесте години, лудо! - И пред илјада да било - не сакам! - упорничеше Елена.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кадијата од Прилеп секоја година земаше по стотина двесте лири од секое село и спорот не го решаваше.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Не џанум? Двесте за петина дебели чорбаџии, шо ќе бидат — рипна Трајко.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кај ќе се справиме ние со двесте мамзери утврдени зад такви метеризи? — почна да го правда своето бегање Тренков, што на Ацев и Тошев им ги отвори устите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Патролите одат како на двесте чекори оддалечени.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Оти во тој јуриш од двесте и педесет души од мојата чета, останавме само триесет.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
и еден ден се појави полковиот командир, на еден бел коњ, коњот игра, не гази на земјата, беше бил заробен од Англичаните, и кога дојде му даде команда на ротниот командир и на другите офицери да се тргнат подалеку од војниците, и тие сите се тргнаа едно двеста чекори, и полковиот командир не прашува кој каква мака има, или некоја поплака да има, и излезе еден, Ристе се викаше, а тој пак сето време само главата навалена и само зачуден, и со никого ни а, ни бе, и мајката, си мислиме, на толку молчење, сега најде да зборува, а тој ти имал мака, полкот негов ја збркал работата, а го окривиле и Ристета и го осудиле седум години затвор да лежи по завршувањето на војната, и Ристета цела недела пред тоа го учел еден адвокат од Скопје како да се пожали, го вежбал за докладот, како да се претстави и како да се поплаче и Ристе станува, јас бев часовој, вели, кога стана тоа, а имам и часовник добиено за храброст, ама јас не бев таму, кај што стана колењето и му кажува сѐ како што било,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе