двоуми (несв.)
КОСТАДИН: (По извесно двоумење). Не, не сакам жена за пари! Јас милувам, Симка од чиста милост да ми дојде, не за пари!
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Командантот се двоумеше за час, после се согласи: – Добро, нека остане и тој.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Тие застанаа двоумејќи се за час дали да тргнат натаму.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Покрај парите што ги даваше грчката пропаганда преку битолскиот владика, Кондилис донесе лично илјада лири направо од Атина и им ги подели на оние „Грци" што се двоумеа, а испрати во Атина и пет шест деца на повидни селани да учат „вистинска наука".
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Затоа одеа по Трајанка влечкајќи се и гледаа назад двоумејќи се дали да останат и тие или не.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Во тоа време, козјачките селани, иако единствени против окупаторот, се двоумеа, не можеа да погодат: на чија страна да бидат - со голобрадите партизани или со кралските војници на Михаиловиќ, кои во името господово и кралско, со секое минување низ Пелинце оставаа зад себе пустош.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Зад нагризениот ѕид на соседната куќа густ цут од вишни, неизброиви меки пердуви закачени за воздухот како да се двоумат изненадени снегулки да ја покријат земјата или да се вратат во торбата на Јануари.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Од скелето пред Језекила беше падната една талпа и момчето, без да се двоуми многу, тргна само по талпата, што беше останата.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Излегов малку да прошетам; и при тоа, колку што е возможно тоа, да се мисли на нешто сосема друго, на нешто свое, за кога ќе излезе пред тебе онај живот отаде, тој да те сепне, да те разбуди, да те натера малку да се стреснеш и во истиот миг да бидеш спремен за она, што треба да го сториш со пушката, брзо и без двоумење, сигурно.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
III. Денот дојде неодреден и сив, како некој што долго се двоуми дали да влезе.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тука барем нема двоумење!
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Стоеше така, а знаеше дека не треба да стои, знаеше дека нема време за размислување и двоумење.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Откако се двоумеше колку што можеше и не можеше долго, се сврте кон Србина, му рече: - Брачо! Да ѕирнам што има во тенџерево?
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
— Нема назад, чичко, нема. Не двоуми се. Јас те праша и ти се кандиса.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Романските архиекти, очигледно располагале со инвенција која, применета без двоумење, уште повеќе го разубавува и онака убавиот Букурешт.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
- Берзијанерот, без двоумење, веднаш ѝ рекол: - Ве молам, продајте ја за 42!..
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Бугарите првин се чудат, не знаат што е, се двоумат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
и уште од далеку мириса на ракија, барем сега можете да кажете чии шпиони сте, вели, не оставајте ѝ товар на душата дури ќе го барате патот кон небото, кога ќе ја качувате кон господа душата, вели, на правина нѐ земате на душа, велиме ние едно задруго, прескакулица ни одат зборовите, ние сме сиромашни луѓе, печалбари, ебати небото и ебати господот, сичките сте од Македонија, сите, викаме, сичките, по зборот сте оттаму, вели, и моите родители се оттаму, ама вие немате пашапорти, верувајте ни, господине, ние сме селани и не знаеме да лажеме, јас ви верувам, ама другите не веруваат, вели офицерот, моли господине, велиме ние, прави еден голем манастир, тој ја фатил главата и со дланката ја потпира под брадата, се мисли, се двоуми, па потоа се враќа назад, ние чекаме, си шепотиме молби и молитви до господа, белки има господ, вели Стеван Докуз,
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Го убија стрика Анѓела, на правдина, се провикнува наеднаш и наеднаш замолчува, ги гледа луѓето измрзнати, лути и завеани, и сам изѕемнат, лут и сиот завеан со снег и се двоуми дали да продолжи да зборува и да им го каже тоа што го има на душата, што му е, што му тежи на срцето.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
На сокак, без двоумење, донесе решение никому да не кажува што му се случило а своите да ги поучи да се клонат од стопаните на Имотот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)