двоцевка (ж.)
Беше покриен со чаршаф до гркланот. Ноздрете му беа свртени кон таванот како двоцевка.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Ја милува студената двоцевка со тапиот палец и го слуша шушкањето на невидливите трски од мочуриштето.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Побара со очи. Не ги виде долните уши и двете ноздри, таа темна неисчадена двоцевка.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Тој беше облечен топло, а преку рамото му висеше двоцевката.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Тогаш земам боледување и останувам овде да чекам зад врата со скратена двоцевка да видам кој ти прави тебе визити рано насабајле. Dixi.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Познат е по дугачкиот кожен мантил, лаганиот успорен корак, кратката двоцефка и меракот за пљачкање банки.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)