деконструкција ж.

деконструкција (ж.)

Мојот став е дека невклученоста во академскиот свет допушта одредена слобода, вклучувајќи ја слободата да се прекршат некои правила - на пример, да се употребува терминот деконструкција на начин којшто можеби нема да биде во согласност со неговото точно Деридијанско значење, - и да се повикам на автори за кои не може воопштено да се смета дека ја застапуваат деконструктивистичката метода.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
А бидејќи деконструкцијата понекогаш нѐ принудува да прашуваме за вистината, за умот, за смислата, за светлината, постои еден момент во кој тоа прашање за вистината веќе не му е подложно дури ни на авторитетот на умот.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Останувам при тоа дека деконструкцијата не е ирационална.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Би сакал да ја започнам мојата дискусија за деконструкцијата со едно признание - јас не сум академик туку, додека да најдеме подобар збор, терапевт.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Успехот на зборот деконструкција без сомневање мора да се сведе на фактот дека деконструкцијата очигледно била почувствувана како антиструктурализам или постструктурализам, како што често се вели во САД. Јас никогаш не го употребив тој збор.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Терапевтите можат да дадат свој придонес во деконструкцијата на експертските знаења, со тоа што ќе се сметаат себеси за „коавтори“ на алтернативни и преферирани знаења и практики, и со конкретни усилби да воспостават контекст во кој клиентите се привилегирани како примарни автори на овие знаења и практики.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Меѓутоа, тоа го реков и пред­малку, не постои една филозофија, ниту филозофија на филозофијата што би се нарекувала деконструкција и која од себе самата би изведувала некој „природен дел“.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Морав да бидам многу внимателен, да ги избегнам теориите на деконструкција, зашто тие не се од помош при разјаснување на проблемите што можат да го приближат техничкиот свет до јавноста и до умните луѓе.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тоа значи дека постапката на деконструкција и анализа на формите и ситуациите од минатото функционира како генератор за новите услови за развој на поединецот внатре во рамките на колективот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)