делегат м.

делегат (м.)

Делегати сме“, рече. „Нѐ испратија да прашаме до кога вака“.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Пред нас доаѓаат црни „волги“, излегуваат делегатите и се губат во театарот. Хрушчов уште го нема.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Беше тоа половина страница искината од „Тајмс“ од пред приближно десет години - горната половина од страницата, така што го содржеше и датумот - и со фотографија на делегатите на некаков партиски собир во Њујорк.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Македонските делегати од делот на Македонија под Грција ја искажале решеноста во заедничка борба со грчкиот народ да ја продолжат борбата за демократизација на Грција и признавањето на националните права на македонскиот народ и неговото право на самоопределување.292
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Нивното внимание посебно го привлекло одржувањето на „состанокот на партизанските лидери и делегати од грчка Македонија“ во Битола на 3 декември 1944 година.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Имено, на тој ден во Битола се одржала конференција, во присуство на делегати од сите делови на територијата на Македонија под Грција, на која се „избрала политичка комисија за реководење на борбата“ на македонскиот народ во тој дел на Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Еве како костурскиот делегат Васил Чакаларов, кој ни остави драгоцени податоци за работата на Конгресот, го опишал приемот на веста за атентатите и реагирањето на првиот човек на Битолската организација Даме Груев: „Од Битола пристигна писмо од Лука Џеров во кое пишуваше: ’Во Солун Отоманската банка е фрлена во воздух со динамит, низ градот се фрлени бомби... еден француски пароброд е потопен, пак од наши работници. Иницијаторот е фатен...’ тоа нè изненади.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тоа навистина можеше да се случи и ќе беше протест, дури сега сфаќам - дообјасни Стариот писател. – Веројатно сакаше да ми укаже тој делегат дека е смешен ставот за промовирање заслужени поединци од областа на културата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во таа вечна трка некое одамна избледено искажување, што му го дофрлил некој делегат во Собранието, дури во овој момент му заличило на полна чаша отров плисната пред неговите нозе.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Навистина малку го релаксираат додека плива и додека неговото стежнато тело лебди над плочите од дното на базенот, додека тромаво се лизга над имињата, судбините и сенките на покојниците, обидувајќи се да не гледа во нивните симболи, во знаците неизбришливо издлабени врз стариот мермер на дното, што како за инает, водата ги мие, ги увеличува како под лупа, ги прави појасни и поблиски, скоро тутнувајќи му ги пред стегнатите очи и чело на покајаниот делегат на Комесаријатот за еврејски прашања, кој пливајќи се обидува да ја намали напнатоста што ја чувствува низ целото тело и да го одложи надоаѓањето на нервниот слом.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во тие исчекорувања и застои на неговата бирократска кариера, помина повеќе од половината на неговиот работен век и четврт век од бракот со Лила, кога започна војната и кога кабинетот на Првиот министер го именува на високо место во Комесаријатот за еврејски прашања, а потоа и за делегат на тој комесаријат, деташиран во новите предели на новата мисија во Скопје.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Источните патријарси биле замолени да номинират делегати од присутните епископи, но тие се согласиле неволно, не ополномуштувајќи ги своите претставници. Се разидувале исто така околу учењето за енергиите.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Делегатите од тој дел ја искажале решеноста во заедничка борба со грчкиот народ да ја продолжат борбата за демократизација на земјата и за признавање на националните права на македонскиот народ и неговото право на самоопределување.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во таа смисла, само по еден месец по одржувањето на Второто заседание на АВНОЈ, се одржа четничкиот конгрес во селото Ба, на 25 јануари 1944 година, во присуство на 274 делегати, меѓу кои и претставници на компромитираните и разбиени политички партии.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)