делник (м.)
И не се праша во таа куќа, дали е делник или празник: коприната шушка од утро до вечер.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
А по некое време, кога беа веќе зафатени во еден голем град и откако работеа доста за да можат да сетат што значи да се кажува копанката со вар и песок горе; на високото скеле на една раменица, откога можеа да сетат што значи и сѐ друго тука, старците често пати знаеја во слободните денови, или онака, делник ден, кога немаа што да прават во градилиштето, да ги пуштат сите нив да прошетаат по улиците на тој град, да го видат, да го рашетаат градот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Над Прењес почнува делникот обременет со чемерот на испадените, раскуќените, раздојдените, разнебитените и размеѓените...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Кога се врати од војска, по три години, не поседе в град ни три недели, туку еднаш, во делник, сред лето, во време жетва, неочекуван од никого достаса во Потковицата; првин бил дома си, се видел и се избакнал со деда си Блажета, потоа собрал фотографии од сите домашни, и - се огласи од Молитвена Вода.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
XXIII Жена му на Мил секој празник, а често и во делник, одеше на гробот на Илко и му носеше задушница.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Во слободното време, во неделите и празниците, кога полето е празно, освен овчарите, воларите и говедарите друг никого нема таму па тоа не мора ни да се чува, сам ги истреби и ги огради изворите во Јасики - оттогаш жителите на Потковицата ги викаа Веданови Извори - а во делниците од наутро до навечер, а во убавите лета и преку цела ноќ, го обиколуваше синорот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тукуречи одново почнаа да се разбира што е закон и вера, што е сведен, света недела и делник.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Бришиш делници, празници и пак не знаеш кога ќе си одиш дома.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
* Во извикан празник, во „Неподвижниот делник“ безделничам.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Било дел од парите што татко ми ѝ ги даваше еднаш во неделата, влегувајќи во кујната кајшто Рашела редовно седеше помагајќи ѝ на мајка ми, било кога мајка ми ќе ја испратеше кај нејзините со некоја понадица, а во неа беше главно сѐ што за делник или за празник се подготвуваше кај нас дома.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Преку отворениот прозорец допираат звуците на еден обичаен, радосен делник.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Под врви Анди пасе лама Пека тато, мека мама Бела лама пасе сама Црна лама уште посама Пасе лама, клима глава Росна тревка в меше клава Пози мени, фотки, слава Чифте фрла, сегде мава Делник кротка, сиктер фама Празник бесна, чалам дама Алфа бета пиши гама Узда мека в селска нама Аздис лама прави драма Од сребро сака мека слама Да сркне само два-три грама Козја завист да крене блама Претка лама копа јама Уплав најде древна кама Доста чалам леле аман Скраја крвој аман заман Нејќе лама пиш пиш пиштако Нејќе клања ни ни никако Сака под врв Анди да е Огден Неш Заедно да талкаат пеш и да играат шеш-беш.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Така трипати Крстовица одјареми страв и многупати и на празник и во делник и на веселба и на закоп и на разбуд, редеше гласно...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)