дерач (м.)
Сега старчето како да имаше чурилка: ја криеше својата сенка, чиниш сака да ископа желад со дерачи или со секачи а копа со коленици: не се извлекува туку бега кон гнилост на лисја, на мртви корења, брза да се сокрие пред некој да му фрли самар врз козинавиот грб и со занес на пијан јавач да го потера кон бездна.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Внимателно движејќи го ножот со десната рака, не колач или дерач туку избавувач од тегоби, брзо и кратко минало со остриот врв преку жилата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Знаел што ќе се бара од него: секогаш на денот на свети Никита бил дерач и готвач во манастирот, сега ќе дере и ќе сече месо а во него се буни нешто, стар е, не сака утре никој да го проколнува.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)