деспот (м.)
Везирот го испрати и овега и го пријави следниот: – Кир Герасимос, кир Дионисиос и деспот Јоакимос од Фанара, молат патријаршиски функции за деспот Јоакимоса. – Се знае – сто и шеесет илјади аспри – лаконски одговори султанот.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Пишувам, пишувам, но „тигарот“ е вистински тигар од хартија, бескрвен и невозбудувачки, воопшто не личи на опасниот, неодолив деспот на џунглата крај моите нозе... ...всушност, вечерва не требаше воопшто да излегувам.
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Уште пред да се пресмета каде, кога и како ќе биде убиен големиот деспот, на 5 март во 1905 година, во рацете на еден преусвитен атентатор, некојси Киндеријан, се распрснува бомба од чии шрапнели гине, меѓу другите, и Кристофер Микелјан.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Стравочудебното село било куп човечки седалки од кал и со сламени или 'ржени покриви, некои од тие куќи дури и без прозорци и бездруго однатре со залостени врати зад кои ноќе над заспаната челад бдеел домаќинот со секира, со вила или со прешилест чекан за кршење камен ослушнувајќи ги шумовите и стрелушејќи се од душите на мртовците и од арамиите или од организираните одметници на распашаните глутници на башибозукот и на аскерот што станал безредие во безредието на пеколот ширум по вилаетот и исто толку по осоговските масиви на кои некогашниот деспот Оливер мислел дека ќе е исто толку вечен колку што е и господ во заблудените срца на луѓето.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сепак, би ми било навистина многу драго ако успеа да сфатиш дека не бевме ниту деспоти, ниту ненаситни посесивци, туку дека се трудевме да ти овозможиме најдобри услови за безгрижен, самостоен развиток, да ти всадиме широки и хумани погледи кон светот, да ти дадеме скапоцени совети за што побезболно да ги минеш младешките кризи.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Загубата на еден деспотски авторитет се распрши накусо во јалово и комедијашко дебатирање на групи бивши поданици кадешто сите „буџаклиски” идеи се струполија на сцената како месијанско лакрдијашење, како проводаџиство со разни лицитарски „искупувања” на националната душа, како евтино магионичарско залудување на зашеметениот народен инстинкт за опстанок.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Несфатливо многу го одбиваше тој безкрупулозен, ладен деспот, чија единствена опсесија беа парите.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Егзилот го научи дека, токму во услови кога доминира инерцијата на деспотската власт, останува широк простор за раководење според интуицијата, небаре Аријаднин конец на судбината.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Пишувајќи за тоа како ја доживеале Виничката провала, еден од идните гемиџии раскажува: „Таа го изнесе на видело постоењето на Револуционерната организација и ѕверствата на деспотската турска власт.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Зарем секогаш мораше да никне една нова војска (јаничари) која ќе брани еден нов поредок заведен од лажните и обврзни идеали на владејачките елити кои не се ослободуваа лесно на Балканот од деспотската матрица на владеење, убаво и цврсто наследувана од поранешните императори!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Тешко се стигнува до свеста за правната држава. Тешко се прифаќа минливоста на авторитарната, деспотската власт. Треба време.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Имаше во верувањето на овие источни деспоти во залезните години на животот некаква внатрешна, необјаснива, митска, идеалистичка, донкихотовска сила, која не дозволуваше да ја напуштат власта, кога речиси беа во физичка немоќ да ја додржат.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Претпоставените постапуваа со него некако студено- деспотски.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ние утре ќе прогласиме Република, ќе го означиме крајот на шествековната деспотска монархија.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)