дно (ср.)
Во дното и десно врати: првата води во салонот, а втората во спалната.
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
Во дното двокрилна врата и два прозорци, низ кои се гледа дворот сиот во зеленило.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Селска сиромашна соба на земја; лево во дното врата; десно огниште со прозорци од страните, а под нив камари; десно од вратата прикачена е ламба.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Денот ли дојде тој да се мери - мерка му нема, а в градите длаби без да се запре, без дно да најде не тага а клетва, и во очите матни и не сакајќи сама се дига фуријата.
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Во дното мала приземна куќичка, соѕидана од камен и покриена со камени плочи со напред врата и мал прозорец затворен со капак.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Лево некаде кон дното, на оградата врата од ист материјал, која води на улица.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Во дното од собата два прозорци со завеси, меѓу нив огледало украсено со свилена шамија; лево огниште, а горе наоколу завеса, а десно е подреден чеизот од невестата: ковчег со над него поредени килим, постела, јорган и најзгоре перници.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Старецот го притера својот чун сосема со нивниот, се наведе и ги виде рибите што даваа последни знаци живот на дното од чунот. – Бре, бре што риба сте уловиле ...
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
За чудо кога стасаа до дното, наеднаш стана светло и двајцата бегалци зинаа од чудо: на неколку чекори од нив, сред мрежа од трева и други подводни растенија, стоеше едно големо чудовиште.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Далеку во мариовските ридишта, заградено од сите страни со дабова и борова гора, на дното на некогашното езеро се распрострело мариовското централно село Витолишча.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Па со поглед што блика и зрачи, потонувам до дно во модрината, и кликнувам пак на убавината: Прострелај ме со своите лачи!
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
Имаше црна коса и зелени очи - тоа е хармонијата на пеколот и змискиот отров а таков отров доброволно се пие до дно.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Освен негде, на многуте дна на потсвеста, или свеста, или нигде.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Тоа беа соништа на моето детство зачувани негде на дно мене и за мене и неа како твојата кутија со разнобојни пеперуги прободени со игла.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Куќичката е стара еден век и личи на старински ковчег на чие дно лежи предмет со безначајна вредност за овој век.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Земјата е без здив. Ветрот е дух затворен во глинен сад и фрлен на песочно дно.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
И така размислувајќи дали Анѓа не ќе приписка кога ќе го види та да го издаде, се прогледа на дното на улицата еден голем конак со високи калиња околу него и тешки порти затворени.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Под дното ви бездна небид врз ви мост - копја и векови .. .
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Не ќе те доцеди ништо: - под твоето дно - уште едно дно; - врз твојата синина остана птица да кружи - змија се веде на твојот брег и даб, кора од ветришта црна, вести: над сите невекови век, полкови матии непогуби!
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Симнете се во рекине дното со неа ќе ве почести.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)