добродушен прид.

добродушен (прид.)

Дико се направи скромен и добродушен: - Мене ништо не ми должиш, - му рече тој на кутриот вчудоневиден Бошка. – Јас не те послушав тебе, туку срцето си го послушав. Ете.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Мирче, онаков мирен и добродушен, па уште и кога го чу гласот на деда Бошка, веднаш им отвори.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
„Не, Ханс, тој е пијан.“ „О, он етна свиња“, добродушно се насмеа Германецот враќајќи го револверот во футролата но тој полека од мракот го сврте своето оружје кон него и чу, и виде.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Но немој да мислиш, ти, стар добродушен мрморко, дека во овие бели прегратки ќе ја заборавам малата Џен, малата црна девојка со жолта свилена панделка во косата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сте чуле ли за стрико Благоја од Пелинце, за оној добродушен човек што умре пред две години околу Водици?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сакаше да го запамети местото во кое добродушниот планински човек го спаси од смртта.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Само малку пред тоа... „Оставете нѐ сами“, му рече добродушното старче на Ивана и го извлече прстот од намотаниот свилен прстен на брадичето а тој, до грло во бело, ги извади рацете од џебовите на својот тесен мантил и излезе со наведната глава и нечујни чекори.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Гледајќи ја оваа маса од расчувствувани лица, Арсо се прашаше самиот себеси, зошто овие сериозни лица - запотени, стеснети и опијанети од љубопитност, ги заборавиле своите секојдневни работи, многу важни за самите нив и се претвораат овде во наивни, пакосни или добродушни гледачи, зашто им е потребно тоа да се согласуваат со оние што обвинуваат и на таков начин да си ги прават душите тврдокорни, барајќи во себе презир, непопустливост и казна за оние што се млади и непокорни, но очигледно способни да ја платат највисоката цена за таа своја непокорност, за тоа свое несогласување и за мечтата за нешто што го нема, но треба да дојде, зашто без него нема смирување и среќа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Оној Алија е добродушен човек. Изгледа е од оние што покорно и страшливо си ја вршат својата работа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во косата, како сениште, почнуваше да се одближува црвениот лав на сонцето, добродушен и сит, мислиш вистинскиот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но ние го разбравме: добродушноста и заштитата го трогнаа в срце.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- И јас сум му благодарна, - искрено вели Весна и гледа негде далеку во планините, како да се мачи да го согледа негде добродушниот лик на Мирчо од Брегово.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Стариот добродушен даб беше навреден до срце.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ги прифаќа и тој шишињата што му ги тутнуваат в раце и одлево и оддесно, им прави чест на добродушните селани, лизнува по малку од ракијата, а тие гледаат на сите начини да им угодат на гостите од градот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Нејзиниот млад живот беше на конец, се исплаши и татенцето, се колнам, со најнежен глас ја храбреше, ја будеше. Ѝ дувкаше во лицето, мило ѝ говореше: - Другарке Оливера Срезоска, - со толку милозлив и добродушен глас ја довикуваше, - крени глава душичке, шепнеше, не жалости го општото дело, не умирај, не умирај, мила другарке, не попуштај во цветот и летото на твојата младост, не жалости го општото дело, како секојпат прибери сила, стани смело, - проклет да бидам, пропеа татенцето, се отвори, просто како поет говореше, низ песна.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Нешто крцкаше, во мусандрата на ѕидот се протегаше добродушен домашен призрак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но баба Донка не знаеше ништо. Таа не може да се изначуди на нивната добродушност.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Покрај оделото и темната вратоврска, старчето има добродушен лик на престарен вујко и сосема семејно ми ги подава кадифените албуми, што и самите би се чинеле домашни, да не се позлатените букви и везот по рабовите, со кои добиваат нешто неприродно, наместено.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Состојбата на зависност што е карактеристична за пред- ојдиповската констелација, во која задоволувањето на потребите зависи од „каприците на Другиот“ се репродуцира, во сразмерите на субјектот, до социо-симболистичниот Друг, што натаму се пројавува во облик на Другите-за нас-закон, Другите во она, што можеме да го наречеме „добродушен деспотизам“: „Нарцизмот е психолошки израз на таа зависност.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Беше тоа човек од околу шеесет години, слаб и подгрбавен, со долг, добродушен нос и со благи очи изобличени од дебелите стакла на очилата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повеќе