добротвор (м.)
Стаклото на чашите оддалечено ѕвонеше. Слушаше: „Салут на добротворите со петлови перца на шапките. Почит на дивните тенори и мамамии.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Го наследија близнаците Крловац од некој свој роднина добротвор и наследија една колиба со многу ненужни предмети: дрвена вила, дрвена лажица, дрвен чанак, дрвен триножец, земјана стомна, земјено грне, стар календар со избледена слика на некаква кралица и сѐ така нешто бесцелно и без функција во еден живот на кој му припаѓаа - колекција на разнобојни срчи од прозорците на некоја градска црква, урната во војната, китка суви непознати треви, куп черги, војнички шлем, карбитена ламба.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Во домот најмалку трипати во месецот доаѓаа одговорни другари, добротвори, благородни луѓе, граѓани, татковци, мајки во потрага по своите деца, задолжени активисти, предавачи, артистички трупи, поети, морнари, секакви гомнари, потоа некои си другар и другарка Лажоски, маж и жена или брат и сестра, чудовишта, инспектори по здравје и хигиена, едни вечно гладни луѓишта.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Во последно време овој „добротвор“ многу е изитрен и во договор со големците од Белград ја чисти својата околија од интелегенцијата на еден многу посебен начин.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тие денови селскиот старешина беше зафатен, како што ни раскажуваше самиот, со идеите и волјата на еден голем добротвор, трговец од Маказар во Истанбул, по име Никола Поцо, да почне изградбата на нова црква, да ископа голем бунар насред селото за доброто на жителите кои лунѕале по вода наоколу по изворите, да го поправи за своја сметка расклиматениот мост на Маказарската Река и уште некои други работи.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Што е она, си велев, што го тера човека да биде, она што се вели, добротвор, да дава, да подарува, да гради?
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
„Овие редови“, пишуваше во дописот на учителот Димитрија Боте, објавен во „Цариградски весник“, „ги посветуваме на плодното дело на Никола Поцо, добротвор и поддржувач на народната култура и просвета, по потекло од Маказар, село во Монастирската каза.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Корец седи скршен во нивниот нов квартир, додуша во најголемото еврејското гето именувано според баронот де Хирш, јудејскиот добротвор кој пред половина век го намени за засолниште на Евреи избегани од погромите во Кишинев и Мохилев.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Тоа го правеле најмладите ученици, ама Христос им рекол: - Царевите владеат над народите, а и оние што управуваат над нив ги викаат добротвори.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)