довчерашен прид.

довчерашен (прид.)

Тој, пак, султанот, Мурад I Ходавендекер, во склад со својот лукав и сомничав ум, искажа милост: сомневајќи се дека некој друг ќе може толку успешно да управува со Имотот колку довчерашните стопани, и сомневајќи се дека ќе може некого друг, некој Турчин на пример, да го ограбува колку нив, на Акиноските им го остави Имотот, а заедно со него и титулата и господството над целата Потковица.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тие, Акиноските, горди и довечерашни лути непријатели на Турците, многумина нивни блиски соплеменици паднаа во боевите против турските завојувања на Македонија, ниту не можеа да помислат на исламизирање; беа длабоко уверени дека единствено е добра и исправна верата христова и силно ѝ беа предани нејзе, а Лажниот Мустафа, пак, за сѐ добро известен, како да негуваше одредена почит за нив, како да не сакаше да ги понижи повеќе од што беа понижени со самиот факт што тој, туѓинец, господари со нив, довчерашни византиски господа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Имено, тукашните сега се определија за орлите, поточно за оној што сам се реши против штрковите и тврдеа дека тој ја олицетворувал Македонија, која, после, по прогонот на Турците, остана сама да се бори против сите свои довчерашни сојузници, а тие, гнасници, ја убија, односно штрковите го убија јуначкиот орел.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Попот го остави алатот на клупата, која му се служеше и како стол и како тезге за работа, поинаков, скоро непознат, без магија, во стари панталони и во кошула со многубројни риги: го загледува довчерашниот свој противник и сака да му ѕирне низ очи во душата, да најде што смислил тој и не му готви ли примка.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И во други земји на Исток, наши довчерашни пријатели и браќа, врвните раководства се зафатиле со решавање на проблемот со козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А тој, довчерашниот прв човек во градот, би завршил трагично.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Козлето одеше по својот пат, од далечина ја гледаше куќата на Сеген, нејзиниот довчерашен затвор. Беше во зенитот на својата среќа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Чуновите на кои лежеа со чинки на очите довчерашните ловци на робови ги одбутнавте од брегот кон реката.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Имено тие имаа два избора да се вратат во Бугарија или да стапат во борба против довчерашниот сојузник фашистичка Германија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Имаше тогаш многу сомневања во неговата лојалност како довчерашен емигрант.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Да се комуницира со земјата на довчерашниот фашизам!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Довчерашните браќа станаа непријатели. Идеолошки се разминаа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се чекаше најмал повод на синот на довчерашниот емигрант, на големиот класен непријател на својот народ, да рлати за сите гревови.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Беше тоа воедно време кога започнуваше нејзиното оспорување, за да заврши во крвави братоубиствени уништувачки судири на довчерашната братска заедница на народи и народности!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И покрај татковото дискретно предупредување, како довчерашни емигранти да се ориентираме кон професиите кои го заобиколуваат затворот, како што се медицинските или техничките науки, јас скршнав од ветениот пат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но напротив, не стивнуваше новиот динамизам на малата медитеранска земја, во која довчерашниот владетел Хабиб Бургиба, големиот и славен Југурта, беше на принуден егзил во блискиот крајморски Морнаг, опкружен со внимание, грижа и медицинска помош.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Од кого ли научија тие прости, неуки, довчерашни овчари и говедари, измеќари и момоци, прислужници и подопашкари, та станаа народни судии и сурови мачители?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Откако наидува на крајно непрофесионален, дрзок и игнорантски однос од претпоставените и откако увидува дека е изманипулирана и практично не постои можност за вонсудско решавање на спорот, таа – заедно со уште десетина работнички 282 кои се најдоа во ист кош, а охрабрени од позитивното искуство на некои работнички од истото трговско друштво, кои уште од порано се одважиле спорот да го решат по судски пат – решаваат, во јули 2009 – та, да поднесат колективна тужба против нивниот довчерашен работодавач.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По ова, својот оправдан гнев и револт Марковски го канали- зираше со поведување на уште еден, втор судски процес против истиот довчерашен работодавач – во јуни 2004.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Довчерашната излитена гардероба брзо ја замени со дотур на најнова роба од бутиците низ Солун.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Повеќе