долгнавест (прид.)
Низ еден од долгнавестите прозорци гледам како сонцето, утрено или предвечерно - не знам, е преполовено од срт на многупреслапна планина.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Долгнавест муаџир со бербатна чалма несмасно навиткана, длабоко изгравиран со дебели нечисти брчки и со очи толку вдлабени во главата, та личеа на дупки во коишто одвреме-навреме проблеснуваа само белките, со лице исушено, глуждесто и аглесто, пушташе необични лаги, та оние што се тискаа околу него самодоверливо потврдуваа со главите или со поглед, верувајќи или сакајќи да веруваат во тоа што беше само убава измислица и мечта.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Еден смешно долгнавест ковчест келнер му притрчува и Арсо се сместува на мала тркалезна маса.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Едниот беше тркалест и со дупка во средината, сосема обичен, ама другиот беше најчудниот камен што сум го видел: И тој беше долгнавест и тркалезен, ама предната страна имаше лик на човек, тркалезен ама со очите над веѓите.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Но сенката стоела на долгнавест прозорец. Го препознал натрапникот, веќе знаел кој е уште пред да му го чуе гласот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но јас веќе знаев кој е со него и дека тој што е со него е изврзан со гнил ремен, ишаран од стапиште со модрици и безумен како и секогаш зашто до мене достаса најпрвин неговиот глас - „Не давај ме, внуку, на никаквециве, ќе ме обесат“ - потоа јасно го видов како се ниша килав пред својот внук и судија и како плаче кикотливо, ја видов таа безначајна празнина во лита и скудна облека на која никнала долгнавеста тиква со влакна, но тоа е сега прикаска што мојава улава старост ја раскажува со чувство на посничка осаменост пред друга, калуѓерска и божја, бездруго свето дрво што размислува над туѓи мисли и се моли над туѓ грев, на оние што веќе ги нема, што се прав како што ќе сум и јас утре прав, јас, Лозан Перуника, дамка од дамките на минатото и вчерашна жива смрт од дружина на мртви луѓе, и тие вчера со гнев и јад во секоја капка на крвта вчера, кога и јас, и сирак и главен терач на туѓа двоколка со сив ѕевгар, сонував и живеев зелено, зелен во една земја што помеѓу топењето на снегот и сушите на болните лета не знае што е зелена пролет, зелен април или зелен мај, и знае или можела да знае што е зелен страв пред чудовиште оплодено од еден друг господ во градината во која се преселиле од рајот женското петле Адам и неговото ребро со женска коса, женски колкови и женско умеење во гревот да посади боцки од кои душата станува жива рана.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Брчките од долгнавестиот лик му бегаа кон ушите, кон тие сплескани полжавчиња од 'рскавица и кожа.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Не знам како ќе ги поделат Добата, кај Персијците што мечтаеле за летечки ќилими, или кај Кинезите што сите незнаено прославувале родендени и Нови години со долгнавестите пишкоти и вишните небесни ракети, или некоја минута, некоја неверојатна секунда во наредниот час.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
По тој повод, на моите демоде образи им дарив долгнавеста О брада, а на брадата долгнавесто луле за грцикање.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Го извади долгнавестиот оригами од внатрешниот џеб.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Од долгнавестиот привезок искокна мал нож скакулец.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Тоа беше еден долгнавест кафез од жица, со рачка на горната страна, за да може да се носи.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Собата во која стоеја беше долгнавеста и малку осветлена.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Меѓу прстите на О'Брајан се појави еден долгнавест исечок од весник.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Баравме долгнавести камења и со шамиите ќе ги подбрадевме и тие ни беа бебиња, а бидејќи знаевме дека сѐ умира, божем бебињата ни се разболуваа, па ќе ги закопавме во дупка.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Постојав еден миг простум. Десно до мојата спуштена рака, видов едно старо долгнавесто масиче изонадено со чкртаници и длабено со ножиња.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Главниот инженер, млад човек, висок, со долгнавесто убаво лице, само се насмевна и не рече ништо.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Од катот горе, низ долгнавестата рамка на прозорецот, го гледав сонцето, огромно и крвавожолто, како излегува од зад голиот рид.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Учителката стоеше достоинствено, насмевната и со некоја чудесна мајчинска топлина во гласот, со меко и долнавесто лице, со големи, тркалезни црни очи и едноставно Пела во себе ја замени со Богородица онаква каква што ја знаеше од црквите!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Внатре беше осветлено, сѐ беше осветлено, разната стока и оние легнати, долгнавести, големи тегли со бомбони, со отвор однапред во кои продавачот ја пикаше раката и вадеше колку што сакаш. Ние тројцата бевме одоваде тезгето.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)