долговечен (прид.)
За миг, чиј живот е долговечен колку и една искра, колку и светлоста на ѕвездата со бела опашка, минаа пред неговиот вид призраците на една иднина независна од него: Јана со набрекнати дојки и детска количка пред себе, и тој, Иван сиот покриен со мирис на пелени и загорено млеко, и дождалците зад широкиот грб на богот Мирон, и брат му со нова и тешка кожена торба под мишка, и тие, бројките од Нојовиот ковчег, весели и насмеани победници над една рапава смеа.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Пиеја, му молитвуваа на Китан да му се шири лозата, фамилијата, му наздравуваа на младоженецот Анко, му пожелуваа среќен и долговечен брак, и играа, виткаа оро.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Долговечноста е цел сама по себе. Браво, Willi! Браво, долговечно тело!
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
- Презедовте невозможна мисија да го лишите народот од културните, уметничките и цивилизациските вредности кои ги пластеше религијата во текот на долговечното постоење и истрајба – продолжив самоуверено.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Само Васо Паша го привлекол вниманието на основачите на музејот со познатиот цитат: „Разбудете се Албанци од долговечниот сон, станете браќа и во една беса обединете се, оставете цркви и џамии зашто верата на Албанците е албанството!“
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Народот на победената империја, како и другите народи во нејзиниот состав, запаѓаа во долговечна мачна изолација.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Во собата блескаво надојде светлината, како директно да се рефлектира од езерото, кое се подаде пред нашите очи во сета своја долговечна убавина.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Сите тие аам-и и еам-и, се некои кревки ластарчиња, витици кои потеруваат самогласките во мене за да ме потсетат дека јазикот, наспроти нас, е долговечно битие кое не престанува да потерува младици и низ постојана возобнова да го запишува и нашето име во нив.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Можеби најголемата моќ Мајка ја покажуваше во справувањето во самотијата, во сите фази од својот живот, уште како сираче, кога останала без својата мајка, па во долговечниот егзил, кога Татко заминувал во потрага по спасот, па кога ѝ заминуваа синовите и ќерките, формирајќи свои семејства, па кога исчезна Татко, таа, до крајот од животот, се справуваше со сите облици на самотијата, до нејзиниот дефинитивен облик – смртта.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
И вие, Турците, Алах нека ве благослови да сте долговечни, и вие не го изменивте ова. Што да кажам повеќе?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Дури најрапавата стара кожа на долговечен човек е обвиткана во волшебната разнобојност на светлината на животот.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Трајанка ја премина таа нејзина голема вода- долговечноста.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
По малку старински направена
на долговечноста да потсетува
и на заблудите за Земјата:
дека постои до кајшто посега видот
дека топка неправилно заоблена е
око превртливо
и од Меркур поитро...
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Југославија, неговата творба која вештиот владетелја одржуваше со својот владетелски инстинкт и авторитет, неколку години по неговото исчезнување заличуваше на долговечен чинар кој умира дел по дел.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
XXIII Не затворај ја вратата Не губи се во заборав... Махмуд Дарвиш Во моите дипломатски години во Картагина, како амбасадор во државата Палестина, како и во Тунис, беа од посебно значење во формирањето на претставата за Палестина, за нејзината борба за признавање и независност, за нејзиното движење на чело со Јасер Арафат, за личноста, животот и поезијата на Махмуд Дарвиш, овековечени со нашата прва средба во Струга, во август 1978 година, а потоа и со нашето долговечно и ненаметливо пријателство.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Желките бавно живеат, вели тој. Можеби тоа ги прави и долговечни.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Како ли поинаку освен со жив збор да ја искажеме и да ја изразиме нашата топла, нежна, срдечна и долговечна благодарност?
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
кога се враќав од кјото во токио баш под гордата бела чалма на фуџи одгатнав зошто возот шинкансен нозоми се лепи на магнет и не прави тик-така тики-така како што прават нашите возови удирајќи по шините, тоа мора да е затоа што на дечињата им треба тишина за кога ќе ги виткаат книжните жерави да ја слушнат поубаво песната на славеите од крошните на вечно расцутените цреши и за да можат во тишината во себе да си посакаат да пораснат што повеќе да пораснат ако не бива баш колку фуџи тогаш барем колку долгоногите жерави (ова со долгоногоста, разбирливо, особено им беше важно на девојчињата) тогаш сосе дечињата кои виткаа книжни жерави одгатнав и дека тишината е скришно место на раат да си позбориш сам со себе - ја да се помолиш за троа среќа и праведност, да се помолиш и за мир во овие времиња на секакви предизвици, ја да се заколниш на верност, чистота и побожност, ја да посакаш убавина и љубов, убавина и љубов, љубов, ја да истуриш некоја клетва за ѓоа новиот економски поредок што носи само нови поскапувања на хартијата од која се прават жерави, а може и некоја задоцнета клетва за наставничката по хемија која се насладуваше кога ни ги теглеше ушите и чијшто поглед жежеше како солна киселина. кога се враќав од кјото во токио цело време возот шинкансен нозоми ни го надлетуваа книжни жерави - ем не вардеа од многу замор, ем ни даруваа долговечност, долговечност тадури и бесмртност оригами, оригами на сите страни некои жерави пролетале, некои се струполиле а тебе ако ти чини, прави се дека не знаеш колку заблуди на овој свет и век се стокмени од хартија.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Во право си кога велиш дека меѓу луѓето останале планини документи од долговечното османско време.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Се случувало маалското пријателство, еснафската здруженост да прераснат во долговечни врски кои често ги надминувале официјалните спротивставени институции.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)