допирен прид.

допирен (прид.)

Ја одрекува и вистината и лагата. Не постојат тука допирни точки.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Бојадисувањето како лесна смрт или и егзактната непристрасност е пристрасна Два круга-соседи, едниот син, другиот жолт, имаа полупречник со еднаква должина и заедничка допирна точка Х, што и симболично го означуваше нивното взаемно почитување.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Праксата за која ќе стане збор тргнува од свеста за една организација на светот и на визуелните полиња во коишто тој свет постои, светот на тн. „богат поглед“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Се радувам кога ќе го најдам кодот на нечиј свет и кога ќе се потврди дека сѐ што е живо има допирни точки. Понекогаш тоа оди само по себе, се случува спонтато.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Меѓу нив нема многу допирни точки. Тие се светови за себе.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Книгата нема допирни точки со она што сакам да го истакнам во текстот, но некои согледби и цитати од неговиот филозовски дневник, можат да дадат прилог во разјаснувањето на моите тематски опсервации.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)