досуди (св.)
И ти уште сега, уште жив, се храниш од таа бесмртност, горделив, надмен, од некое друго место ни ја досудуваш смртта нам, на смртните.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Во рок од 15 дена по приемот на ова решение, Судскиот буџетски совет ќе побара од жалителот или неговиот полномошник да достави податоци за банкарската сметка за исплата на средствата досудени од Врховниот суд.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Судот, на барање на оштетениот, ќе досуди надомест и за идна нематеријална штета ако според редовниот тек е извесно дека таа ќе трае и во иднина (чл. 192, ЗОО). 7. Второстепениот суд ја испитува првостепената пресуда во оној дел во кој се побива со жалбата, во границите на жалбените причини; а по службена должност внимава на примена на материјалното право и на повреда само на некои таксативно наведени одредби од ЗПП (в. и чл. 354, ст.1sq од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
А, пак, жалбата на тужениот делумно се усвои – со што, при преиначувањето на диспозитивот т.е. изреката на пресудата, дојде до мала корекција на сумата на име трошоци – имено, таа беше зголемена, па наместо првично досудените 280 ЕУР, таа сега изнесуваше 450 ЕУР, а не како што бараше адвокатот 725 ЕУР.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)