дотеран (прид.)
И Ристе. бидејќи си ја знае Боца каква работница му е, а ваму сака да му е подгиздена, дотерана, си ја зеде грижата и да ѝ „навезе“, и да ѝ „сплете“, и да ѝ „искае“ и кошула, и чорапи, и прегачи.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
А и Вера ми изгледаше доста дотерана за да доаѓа навистина од работа.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Мажите беа средни по раст, витки, цврсти и не многу зборливи, жените пак, дотерани во свила и кадифе, со високи и натаврени шапки на главите, прилегаа на светиците и болјарките од фреските и иконите во црквите.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
„Уште малку. Мораа да ја постават меѓу четирите месингани столба и кадифеното јаже, дотерана, за да ги задржи луѓето.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Само прозорците се отворени за да може да се дише и гледаат кон убаво дотераните тревници, однегуваните стебла со високи крошни, на фонтаната и куќичката во паркот.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Беше баеги дотеран - кошула, цилиндар, црно палто.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Дека сепак не сум дотеран како што треба. Особено во умот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Ќе го изведев Ивана кај коритото преполнето со вода и сонце, и бев многу среќна дека може да ја види мајка си дотерана.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ги повторувам во себеси слушнатите звучни сигнали моделирани во прашање и патем заклучувам дека иследникот е голем итрец а згора на тоа умешен подметнувач на измислени или дотерани сеќавања.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Беа се растовариле на мегданите околу бањата, кои, како и секој петок попладне вриеја од чези, дотерани мажи и растрчани деца.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Секогаш дотеран, намирисан со Армани, ги поздравува патниците гледајќи ги низ цвикерите за сонце што коштаат 820 долари.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Од црквата се источува нова река луѓе, дотерани, расположени, излезени по молитвата да прошетаат на пријатната пролетна сончевина.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Се дешава и од време на време да ти пролета некој од нив пред очи, дотеран ко селско дете за на вакцина, што претставува јасен знак дека иде на интервју.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Пред Уредот се појавив на време и дотеран. Притоа, да истакнам, вратоврската толку ми беше стегната што речиси ме задушуваше.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Нели и самата заклучила, и тоа дури во Поштата, (додека ми телефонираше) дека и покрај сите подготовки излегла од дома несоответно дотерана.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Дотеран како за излегување а легнат на грб. И гологлав.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Петар беше облечен во најубавиот костум и шешир на главата што му ги имаше сошиено сестра му и дојде така дотеран и ненајавен во главниот дуќан на Таки Мумиџијата, во битолската чаршија.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
4. кога се враќав од јапонија не можев а да не кршнам малку од истокот понаисток а понаисток се вика кјото како што поназапад се вика токио понаисток некако е потопло во просторот на насмевката понаисток резниња тишина се лулеат на небото а и сонцето е некако поинакво наутро весело од изгревање напладне клапнато бара сенка за отпочин од толку многу изгревања и од толку многу запнувања на златниот и на сребрениот храм во кјото секогаш да им се позајми повеќе блесок да не би да се луѓосаат и да подгрбават да зарѓават а да бидат уште живи како што им се случува на мнозина кои и не забележуваат дека одамна им се скинале пантолоните на времето во кои се навреле којзнае кога којзнае како и којзнае зошто пред храмовите на кјото дурлат води отежнати од историски искушенија дурли во водите без омекнувач меката душа на градот во водите пред храмовите во кјото птиците парадно се огледуваат па потем не може да се изнагракаат од среќа отшто во воденото огледало биле толку лични прелични во водите прд храмовите на кјото има и многу меурчиња од последниот здив на исчезнатите има и меурчиња од празни зборови има и удавени тешки зборови и не се знае какви тешки метали од зовриените води пред храмовите на кјото се прави најубав јапонски чај од јасмин на пример кој се срка додека на телевизија врват најновите вести а на врв вести ново биро за изгубени работи и едночудо ослепени од толку зјапање во иднината на дното на вестите празнина како на дното на зеленото шише од изглоканата вода макаршто вестите на телевизија секаде се есапат како канти за полевање на заблудите кога се враќав од јапонија многу ќе згрешев ако не кршнев малку од исток понаисток и ако не се поздравев со калиграфите кои приклаваат секој колку што може во ќуповите во кои се варди душата на градот тие приклавај други отклавај тие зелен спокој другите црн неспокој и едните и другите петпари не даваат кога се разминуваат со рикшаџиите како со жива теглечка сила за кои веќе нема сенки под искастрените гранки на старите дрва а не им е ни предодредено да се пробијат до првите редови од каде што најубаво се гледа најубавата кабуки танчерка понекогаш на рикшаџиите им потекуваат од очи глазирани зрна ориз веќе наизуст ги научија говорите на сите политички и еколошки митинзи и ним како и на говорантите отшто се толку дотерани како за на кадро никој не им верува колку мака си теглат за вечер да каснат едно обично ќофте и да отсонуваат една голема топка сладолед од ванила.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
И што му останува на, така дотераниот театар, освен да наоѓа замерки на „кибицерите“ на оние што го меркаат со одважност на искусни мажја, па онака, поради ефтина забава му нудат партнерство.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Значи, шминкерот може да се види дотеран за места и ситуации каде што се симулира опуштеност- кежуал.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)