дотолчи (св.)
Но директивите на партијата и натаму беа категорични: работничката класа мора да се создаде, откако наполно ќе се дотолчи класниот непријател!
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Свесни сме дека класниот непријател не е дотолчен.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
По извесно време, по далги од убојна тишина и облаци прашина, во миг кога командантот се ежел и кострежел да го сотре и докрајчи Нуне Волта, да ја фрли и изгази, смеле и дотолчи пред сите и на туѓите и на своите, неговата „Пакс-верс теорија“, некаде од длабочината на фронтот, од непријателската страна, се зачуло далечно хорско исполнение на стихови. Стиховите станувале сѐ поблиски.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Но, во исто време се плашеше дека тие би можеле да го дотолчат неговото уморно и во голема мера истрошено тело.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Тие негови зборови уште толку ме дотолчија и мислам дека целиот мој беден живот ќе ги паметам.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Но, почувствува дека таквата вест може да ја дотолчи Рада.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ако не се засолниш, дождишта ќе те изнаводенат, ветришта ќе те кутнат наземи, може и некоја рофја да те дотолчи...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)