другарче ср.

другарче (ср.)

Таму тој учеше занает како и сите негови другарчиња.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Усети таа дека во младите детски души се зародила несвесна љубов, кога виде дека веќе место непријателство се разви вистинско братство меѓу нејзините деца и ова нивно другарче. Не еднаш таа ги виде заедно како си прикажуваат трите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Ами ако разберат другарчињата оти за неа дојду?“ — се стресе и просто ги избегнуваше сите нивни погледи, плашејќи се да не му ги прочитаат во очите неговите мисли.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И навистина, во малото десетгодишно девојче се зароди љубов и омраза кон едно свое другарче.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Штом го допи, издивна и се задиши како кога човек ќе се искачи на некој висок рид, но сепак радосно и гордо им рече на другарчињата: - Деца, испив десет шишиња!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Еден ден решија да се пофалат пред своите другарчиња.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Некои жени плачеа, а Змејко гледаше во лицата на сите луѓе и во она што стоеше на секое од тие лица, сѐ додека не го изнајде онојго, стоеше веднаш до него, до нивното другарче со барјачето и едвај ја потискаше во себе желбата да му рече нешто, барем да го фати за мишката и двајцата да помолчат, сѐ додека не откри како едната негова рака се оддели од рачката на барјачето и заграба во синијата, што ја подаваа пред лицата на луѓето, а внатре беше пченица со разнобоен шеќер.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше умрен таткото на едно нивно другарче од одделението, а оној што рече да дојдат можеби беше и нивниот учител, заминаа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На појадокот се натпреварува со другарчињата, ги брише чиниите, раководителот го пофалува.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Другарчињата беа добри, креветчињата беа меки, но што вреди сето тоа кога мораше во одредено време да се станува, да се јаде и да се спие!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- Јас ќе ти ја покажам, чичко, - викна едно малечко босоного дете и се одвои од другарчињата.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Добар ден, другарче! - го поздрави едниот и седна над дебелата бука.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Со него живееме, тоа ми е како другарче.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
А Белото јоргованче тагуваше и длабоко се каеше што не го послуша своето другарче, Синото јоргованче.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Живееја едно до друго две јоргованчиња, две другарчиња.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Новото дете беше вистинско другарче.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
— Нека се живи другарчињата, ќе и допржалиме дореда.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Мамо, ти нема ништо да им направиш на зајачињата. Тие се толку добри! Тие се наши другарчиња!
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Две зајачиња, две другарчиња, беа исплазиле јазици, бегајќи од една огромна лисица, што подолго време ги бркаше.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
На сите им е многу важно да се фалат пред другарчињата со тоа што работат татковците и мајките и какво училиште завршиле.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Повеќе